КОЛУМНА НА РУСКИОТ АМБАСАДОР: Праведен суд на историјата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

intervju_ambasador2Од­маз­да… Во овој по­им се чувс­тву­ва сту­дот на не­из­беж­нос­та. Ме­ѓу­тоа, ре­ал­нос­та е мно­гу по­ком­пли­ци­ра­на. Се­кој ден во по­ли­ти­ка­та, па и во се­кој­дне­ви­е­то, ние се со­о­чу­ва­ме со неп­ра­вед­ност, слу­ша­ме за стра­вот­ни злос­тор­ства, чии ви­нов­ни­ци ос­та­ну­ва­ат не­каз­не­ти. Во ва­ков слу­чај не­кои лу­ѓе по­не­ко­гаш ко­га ќе се нај­дат во очај, поч­ну­ва да се чи­ни де­ка од­маз­да­та во зем­ни­от жи­вот не пос­тои и во нај­до­бар слу­чај каз­на стиг­ну­ва до ви­нов­ни­те на оној свет. Но, ис­то­ри­ја­та, бла­го­да­ре­ние на Бог, ни да­ва епо­хал­ни при­ме­ри на три­умф на прав­да­та, кои во­ед­но се и пре­дуп­ре­ду­ва­ње – за злос­торс­тва­та за­дол­жи­тел­но мо­ра да се пла­ти и не са­мо на овој ту­ку и на оној свет.

На кра­јот на сеп­тем­ври 1946 го­ди­на ги има­ло уш­те 24 пре­жи­ве­а­ни до тоа вре­ме пог­ла­ва­ри на на­ци-фа­шис­тич­ка­та др­жа­ва, пар­ти­ја и во­е­на ма­ши­не­ри­ја, кои из­вр­ши­ле без­број­ни злос­тор­ства про­тив чо­веш­тво­то. Со­се­ма не­о­дам­на тие се­бе­си се сме­та­ле за нат­чо­век, гос­по­да­ри на све­тот, а се­га, за­бо­ра­вај­ќи на сво­ја­та ис­клу­чи­тел­ност, мир­но се­деа на суд­ска­та клу­па во Нир­нберг до­де­ка све­тот ги ме­ре­ше нив­ни­те злос­тор­ства.

Мес­то­то за су­дот бе­ше од­бра­но сим­бо­лич­но – во зо­ра­та на вос­пос­та­ву­ва­ње­то на Хит­ле­ро­ва­та власт во Гер­ма­ни­ја ток­му во Нир­нберг се одр­жу­ваа гран­ди­оз­ни со­би­ри на на­цис­тич­ка­та пар­ти­ја кои имаа цел да по­ка­жат три­ум­фи­ра­ње на на­ци­о­нал­со­ци­ја­лиз­мот. Со дру­ги збо­ро­ви, та­му ка­де што на­циз­мот се по­ја­вил ка­ко раз­ур­ну­вач­ка моќ, тој бе­ше про­кол­нат ед­наш и за­се­ко­гаш.

Точ­но пред 70 го­ди­ни, на 1 ок­том­ври 1946 го­ди­на, от­ка­ко по­ми­на­ла суд­ска­та рас­пра­ва ко­ја тра­е­ла по­ве­ќе од ед­на го­ди­на и му ги от­кри­ла на све­тот вис­тин­ски­те раз­ме­ри на злос­торс­тва­та на пред­вод­ни­ци­те на Хит­ле­ро­ва­та Гер­ма­ни­ја, на овој нај­суд­бо­но­сен суд­ски про­цес му бе­ше ста­вен крај – бе­ше из­ре­че­на фи­нал­на пре­су­да. По­ве­ќе­то пог­ла­ва­ри на Тре­ти­от Рајх беа осу­де­ни, 12 најс­траш­ни злос­тор­ни­ци оти­доа на бе­сил­ка, а глав­но­то е де­ка му бе­ше из­ре­че­на смрт­на каз­на на на­циз­мот и фа­шиз­мот. Оваа пре­су­да ја под­др­жаа си­те зем­ји-член­ки на ан­ти­хит­ле­ро­ва­та ко­а­ли­ци­ја, си­те лу­ѓе на чест и доб­ра вол­ја. Пре­су­да­та би­ла ко­неч­на и таа не мо­же­ла да се об­жа­ли. Нир­нбер­шки­от про­цес мо­ра­ше да ста­не ед­на вак­ци­на про­тив не­кои оби­ди за об­но­ву­ва­ње на на­циз­мот, фа­шиз­мот или ко­ја би­ло дру­га ан­ти­чо­веч­ка иде­о­ло­ги­ја.

Мо­же­ме ли ние по се­дум де­це­нии да ка­же­ме де­ка вак­ци­на­та с` уш­те ва­жи? Се пла­шам де­ка во пос­лед­ни­те го­ди­ни во ни­за зем­ји оваа вак­ци­на го из­гу­би­ла сво­е­то деј­ство. Факт е де­ка, ге­не­рал­но, свет­ска­та за­ед­ни­ца, ка­ко и прет­ход­но, ја дек­ла­ри­ра сво­ја­та при­вр­за­ност кон бор­ба­та про­тив об­но­ву­ва­ње­то на фа­шиз­мот, про­тив ом­ра­за­та во ко­ја би­ло фор­ма и се за­ла­га за по­чи­ту­ва­ње на чо­ве­ко­ви­те пра­ва. Но, пок­рај тие дек­ла­ра­ции мно­гу­ми­на, ка­ко но­е­ви, не са­ка­ат да ги ви­дат мно­гу­те алар­ман­тни про­це­си, кои во Ру­си­ја ка­ко зем­ја што из­гу­би­ла по­ра­ди злос­торс­тва­та на на­ци-фа­шис­тич­ки­те за вре­ме на Вто­ра­та свет­ска вој­на 27 ми­ли­о­ни лу­ѓе, пре­диз­ви­ку­ва­ат дла­бо­ка заг­ри­же­ност.

Осо­бен ре­волт пре­диз­ви­ку­ва­ат не­со­вес­ни и во нај­го­ле­ма ме­ра амо­рал­ни оби­ди Со­вет­ски­от Со­јуз, кој бе­ше жрт­ва на под­мол­ни­от на­пад да би­де изед­на­чен со аг­ре­сор, од­нос­но со Хит­ле­ро­ва­та Гер­ма­ни­ја ко­ја ја за­поч­на нај­кр­ва­ва­та вој­на во свет­ска­та ис­то­ри­ја. Ова из­вр­те­но тол­ку­ва­ње на таа страш­на тра­ге­ди­ја одам­на пре­ми­на од пла­те­ни псев­до­на­уч­ни ис­тра­жу­ва­ња во жи­во­тот. И се­га ве­ќе гле­да­ме ка­ко влас­ти­те на Пол­ска и на ни­за дру­ги зем­ји што се­бе­си се сме­та­ат за де­мок­рат­ски др­жа­ви, под из­го­вор де­ка се бо­рат про­тив оку­па­ци­ски ре­жим ги ос­квер­на­ву­ва­ат гро­биш­та­та на вој­ни­ци­те на Цр­ве­на­та ар­ми­ја, ко­ја по це­на на ми­ли­о­ни жрт­ви ги ос­ло­бо­ди Цен­трал­на и Ис­точ­на Ев­ро­па од на­ци-фа­шис­тич­ки­те оку­па­то­ри. Тол­ку бес­рам­но и гру­бо нав­ре­ду­ва­ње во од­нос на за­ги­на­ти­те, на ис­то­ри­ја­та, ди­рек­тно при­до­не­су­ва за раст на не­о­на­циз­мот на ев­роп­ска­та поч­ва.

Не­о­на­циз­мот се за­си­лу­ва при мол­ча­ли­во­то одоб­ре­ние од За­па­дот ка­де што за­ра­ди свои ге­о­по­ли­тич­ки иг­ри ма­ни­пу­ли­ра­ат со ис­тра­га­та на при­чи­ни­те за тра­ге­ди­ја­та со ле­тот „MH17“, ги зат­во­ра­ат очи­те пред тоа де­ка ми­ли­тан­ти­те од дес­но­екс­трем­ни­те па­ра­во­е­ни фор­ма­ции, кои вр­шеа ма­сов­но па­ле­ње не­дол­жни гра­ѓа­ни во Оде­са, а се­га го пра­ват кр­ва­ви­от ха­ос во Дон­бас офи­ци­јал­но ги прог­ла­си­ја за свои идо­ли Сте­пан Бан­де­ра, Ро­ман Шу­хе­вич и дру­ги на­цис­тич­ки след­бе­ни­ци од ре­до­ви­те на ук­ра­ин­ски­те на­ци­о­на­лис­ти. Со ис­та­та упор­ност За­па­дот не ги за­бе­ле­жу­ва мар­ши­ра­ња­та на бор­ци-ле­ги­о­не­ри од ре­до­ви­те на ва­фен-СС и на нив­ни идеј­ни нас­лед­ни­ци во Ле­то­ни­ја и Ес­то­ни­ја. Ме­ѓу­тоа, СС, спо­ред ре­зул­та­ти­те на Нир­нбер­шки­от про­цес, е приз­на­е­на за кри­ми­нал­на ор­га­ни­за­ци­ја.

Во тој кон­текст 70-го­диш­ни­на­та од пре­су­да­та на Нир­нбер­шки­от три­бу­нал до­би­ва осо­бе­на смис­ла ко­ја де­но­ви­ве ја ис­так­на Сер­геј Лав­ров во сво­јот го­вор во Ге­не­рал­но­то соб­ра­ние на ОН: „Овој ју­би­леј пре­дуп­ре­ду­ва лек­ци­и­те од Вто­ра­та свет­ска вој­на да не би­дат за­бо­ра­ве­ни, пот­се­ту­ва на ка­тас­тро­фал­ни­те пос­ле­ди­ци од оби­ди­те суд­би­на­та на све­тот да се ре­ша­ва на смет­ка на га­зе­ње ин­те­ре­си на дру­ги­те др­жа­ви и на­ро­ди. Не смее да се крие зад гри­жа­та за сло­бо­да на из­ра­зу­ва­ње на мис­ле­ње или за сло­бо­да на ми­рен про­тест по­пуш­тај­ќи им на ра­ди­кал­ни­те дви­же­ња кои ја про­мо­ви­ра­ат на­цис­тич­ка­та иде­о­ло­ги­ја, се за­ла­га­ат за хе­ро­и­за­ци­ја на фа­шис­ти и нив­ни по­ма­га­чи. Ви­тал­нос­та на овие по­роч­ни ин­стин­кти ба­ра да се вр­шат кон­ти­ну­и­ра­ни на­по­ри кои има­ат цел на па­тот на не­о­на­циз­мот и на ре­ван­шиз­мот да се пос­та­ви си­гур­на прег­ра­да, ка­ко и да ја за­си­ли ме­ѓу­на­ци­о­нал­на­та и ме­ѓу­кул­тур­на­та слож­ност, мла­ди­те да се кон­со­ли­ди­ра­ат за иде­и­те на прав­да­та и ед­нак­вос­та“.

Овие збо­ро­ви на Сер­геј Лав­ров не­оп­ход­но е да се раз­гле­ду­ва­ат во кон­текст на прин­ци­пи­ел­на­та по­ли­ти­ка на Ру­си­ја ко­ја це­ли да не се доз­во­лу­ва ре­ви­зи­ја на ре­зул­та­ти­те од Вто­ра­та свет­ска вој­на, ка­ко и ре­ха­би­ли­та­ци­ја­та на фа­шиз­мот. Сим­бо­лич­на про­ја­ва во овој пра­вец е ак­тив­на под­дрш­ка ко­ја ја да­ва на­ша­та зем­ја Ге­не­рал­но­то соб­ра­ние на ОН да ја до­не­се го­диш­на­та ре­зо­лу­ци­ја за не­до­пус­тли­вост на хе­ро­и­за­ци­ја на на­циз­мот. Ра­зо­ча­ру­ва де­ка зем­ји­те-член­ки на Ев­роп­ска­та Уни­ја, по­ра­ди лаж­на­та „по­ли­тич­ка ко­рек­тност“, мо­мен­тно се воз­др­жу­ва­ат од под­дрш­ка на оваа ре­зо­лу­ци­ја до­де­ка по­ве­ќе­то од нив ги пре­жи­ве­а­ле ужа­си­те на на­цис­тич­ка­та оку­па­ци­ја. Зго­ра на тоа, САД гла­са­ат про­тив. Мно­гу е жал­но де­ка Бри­сел ба­ра си­те зем­ји-кан­ди­да­ти за прик­лу­чу­ва­ње кон Ев­роп­ска­та Уни­ја да го де­лат овој не­мо­ра­лен став. Ме­ѓу­тоа, ни да­ва оп­ти­ми­зам фак­тот де­ка кон мно­зинс­тво­то од зем­ји­те-член­ки на Обе­ди­не­ти­те на­ции, кои гла­са­ат за овој ва­жен до­ку­мент, ис­то­рис­ка­та ме­мо­ри­ја не е тол­ку крат­ка,и тие доб­ро ја сфа­ќа­ат опас­нос­та од об­но­ву­ва­ње­то на фа­шиз­мот.

70-го­диш­ни­на­та од за­вр­шу­ва­ње­то на Нир­нбер­шки­от про­цес е ју­би­леј од свет­ско зна­че­ње вклу­чи­тел­но и за Ма­ке­до­ни­ја ко­ја по де­сет де­на ќе ја од­бе­ле­жи 75. го­диш­ни­на од на­род­но­то ан­ти­фа­шис­тич­ко вос­та­ние. Kа­ко што е поз­на­то, за вре­ме на ос­ло­бо­ди­тел­на­та бор­ба Ма­ке­до­ни­ја из­гу­би де­се­ти­ци ил­ја­ди свои си­но­ви и ќер­ки, а ев­реј­ска­та за­ед­ни­ца ко­ја со ве­ко­ви жи­ве­е­ла на неј­зи­но­то под­рач­је бе­ше це­лос­но униш­те­на во на­цис­тич­ки­от ло­гор на смрт­та Треб­лин­ка. Ру­си­ја со дла­бо­ка по­чит се од­не­су­ва кон жрт­ви­те што на­ро­дот на Ма­ке­до­ни­ја ги по­ло­жи на ол­тар на бор­ба­та про­тив фа­шиз­мот – зло што ~ се за­ка­ну­ва­ше на тат­ко­ви­на­та и на це­ло­то чо­веш­тво. Важ­но е де­ка јав­нос­та на зем­ја­та ја не­гу­ва ме­мо­ри­ја­та за тие нас­та­ни и пра­ви с` за да ја пре­не­се оваа ме­мо­ри­ја на ид­ни­те ге­не­ра­ции на гра­ѓа­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Но, да се вра­ти­ме кон од­маз­да­та… До­кол­ку не­кој с` уш­те сме­та де­ка таа не пос­тои и де­ка се­га во све­тот с` се вр­ши со про­па­ган­дни­от мејнс­рим, тој ед­нос­тав­но не знае за те­мел­ни си­ли на ис­то­ри­ја­та и за­бо­ра­вил на ре­зул­та­ти­те на Нир­нбер­шки­от про­цес. И кол­ку да не се оби­ду­ва­ле на­цис­ти­те да ги скри­јат тра­ги­те на сво­и­те злос­тор­ства, да ги оп­рав­да­ат за вре­ме на са­ми­от про­цес, тие се­пак не ја из­бег­наа од­го­вор­нос­та. Пре­су­да­та на „су­дот на ис­то­ри­ја­та“ во ста­ри­от гер­ман­ски град на 1 ок­том­ври 1946 го­ди­на е по­ве­ќе од са­мо прав­но приз­на­ние на злос­тор­нич­ка­та суш­ти­на на на­циз­мот. Тоа е ток­му она, пра­вед­на и не­из­беж­на од­маз­да, на ко­ја не мо­же да и се спро­тив­ста­ви ни­ту со моќ, ни­ту со па­ри, ни­ту со ла­га.

Дневник

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This