КОЛУМНА НА СЛОБОДАН ТОМИЌ: Кога Данајците дарови носат….

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е држава, Македонија не значи иредентизам! Само обединети и единствени ќе го одбраниме името Македонија! И затоа, не верувајте им на Данајците и кога дарови Ви носат!Само со заедничка мисла, љубов и единство да го одбраниме државното име Македонија! Цел свет знае, дури и нашиот јужен сосед, дека: (1) Македонија нема териоторијални претензии кон Грција; (2) Македонија нема ексклузивно право на зборот Македонија; (3) Со геостратешката позиција Македонија е фактор на стабилноста и безбедноста во Југо-источна Европа!

Ова беа трите точки во интервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски за грчкиот весник “То Вима“ во 2015 година.

И покрај се’ и после се’, оваа изјава на поранешниот премиер Никола Груевски треба да го имаат на ум сите експоненти од таканаречената меѓународна заедница!

Македонија никому не пречеше од 1944 до 1991 во рамките на поранешата Југословенска Федерација. Ниту предизвика агресија на било која држава во соседството, ниту направи асимилација на народите на Истокот или на Западот!

Истата таа е Македонија и денес, таа која победи пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг!

Македонија е признаена од речиси 140 држави од 199 земји членки на Организацијата на Обединетите Нации!

Македонија ја спаси Европската Унија од продлабочување на мигранската криза, пред која сите европски лидери се поклонија со достојна почит!

Македонија е нашиот единствен заеднички именител и содржател, со сите разлики меѓу нас по сите основи!

Затоа, ајде сите заедно и единствени да застанеме во одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

Да кажеме: Крај на разговорите за разликата за државното име поради Атина што траат четврт век од 1993 година!

Затоа и нашиот апел до сите, до целиот правдољубив свет: Почитувајте го членот 4 од Повелбата на Организацијата на Обединетите Нации и тргнете го тоа срамно и нелогично времено обраќање.

Бараме претседателот на Републиката Ѓорге Иванов да го извести генералниот секретар на Обединетите Нации, дека разговорите за државното име ги сметаме за завршени и да упати резолуција до есенското заседание на Генералното Собрание во септември 2017 година, дека Македонија го продолжува членството во Обединетите Нации под државното име Македонија!

Во светот не постојат други со тоа име освен ние Македонците, во светот не постои друга држава со тоа име освен Македонија, во светот не постои друг јазик со тоа име освен Македонскиот!

Впрочем, и поранешниот генерален секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун, во Охрид – православниот Ерусалим, уште пред 5 години во 2012 година, упати јасна порака дека за универезалните вредности името, идентитетот и јазикот на еден народ не се разговара, а камо ли преговара, никаде на планетата, дури ни во Обединетите Нации!

Апелираме на семакедонско помирување и обединување за одбрана на: Името на државата Македонија, идентитетот на нацијата Македонска и јазикот Македонски!

Нека никој не заборави, дека државата Македонија е коосновач на Обединетите Нации во 1947 година, заедно со другите пет држави во поранешната Југословенска федерација!

Македонија е вградена во темелите на светската асамблеја на народите, Македонија е гарант на Повелбата на Обединетите Нации и на Универзалната декларација за човековите права!

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Сите Македонци еден за друг! Амин!

Слободан Томиќ, новинар и автор на Програмата „Гласот на народот“

Скопје, 7 јуни 2017 година

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This