March 28, 2024, 11:38 am

КОЛУМНА НА СЛОБОДАН ТОМИЌ: Не ме манипуирај, не ме злоупотребувај!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Карваните тргнаа, а по нив и пеачите, свирачите и речиси сета свита… Тргнаа сите кои го посакуваат Гласот на народот. Велат, какво ти е грлото, таков ти е гласот. А, како до подобар глас? Секако, треба да имаш дарба, да си богат во душата, да се радуваш кога сите се радуваат, и да тагуваш кога сите тагуваат… Тогаш Гласот е нешто најсилно што може да те одржи во секакви прилики и ситуации. Можеш еднаш да згрешиш, може и втор пат, се случува, но трет пат нема шанса, тогаш нешто не е во ред со тебе, вели народната!

Одеднаш, велиш: Ти и твојата “дружина“ не сте заинтересирани да бидете патриоти. Ова се фрази или искрени изблици на чувства кон сопствениот народ? Велат, по утрото денот се познава, а ги има и такви кои до дванаесет сите ги мразат, а после дванаесет и самите себеси се мразат. “Кога ќе дојдеме на власт, живи луѓе ке јадеме“. Од друга страна, бараш да те изберат за “спасител“, бидејќи на сон ти се сонило дека Господ те избрал како македонскиот “Мојсеј“ кој ќе ја однесе Македонија кон ветеното место и ветената цел, па од поле те црпнал и те седнал за премиер.
И се изнаслушавме од лаги, од ветувања и празни зборови, а останавме со кусок од 400 милиони евра испумпани од државната каса, без отчет каде заминаа моите, твоите, нашите пари… Замислете, за неполни 100 дена летнаа 400 милиони евра! До крајот на мандатот, уште колку ќе летнат без отчет! Со проста математика: Пет и пол милијади евра. Луѓе мои, пет и пол милијади евра… И така човекот од збор, заради живот за сите, остана со “слободата по старо“. Од друга страна, имаме и такви кои народот ги смета за вредни, идејни, но кои знаат и да згрешат или да погрешат.
Велат, човечки е да згрешиш, а уште почовечки е со покајание да побараш прошка! Секако, треба да си самокритичен и сам да си го исчистиш ѓубрето од сопствениот двор кога критикуваш други. Верноста е нешто најсвето, нешто најсилно, особено кога некому му се доверуваш или бараш негова поддршка, со еден збор, да ти го чува грбот. Значи “чираците“ сакајќи или несакајќи направија “штети“. Пресекоа повеќе од материјалот, без притоа добро да измерат со паметот или метрото. Освен тоа, истите “чираци“ заборавиле дека се многу млади или аџамии и дека преку ноќ не можат да станат мајстори, без притоа да го положат испитот на зрелоста и лојалноста и кај народот и кај мајсторот. Истото е и со куќата Македонија. Лошо изведен план и забегување од вистинските координати и мерки, планот може да “се утне“, а оџакот да падне. И тогаш што се случува? Со еден збор – резил! Затоа веднаш, и тоа најитно, освежување на тимот на “чираците“ како и проветрување на просториите, бидејќи непроветрените одаи ја реметат мислата и на совеста! Да се освестат “чираците“, дека не можат преку ноќ да станат мајстори и тоа реформатори, без да бидат прво калфи, да размислуваат со свој ум и разум, а не под диригентска палка, или да бидат на туѓи конци како марионети. Сега секој посакува да дојде до Гласот на народот. Како до гласот на народот? Со искреност, или со шарени лаги? Колку сме искрени кон Гласот на народот, и дали воопшто го слушаме неговото Височество, неговата порака и желба? Колку ја почитуваме неговата сила, искреност и доверба? Дали Гласот на народот е “марионета“ или монета за поткусурување? Дали Гласот на народот вреди колку еден “локум“ или пак “свирче“?

Од друга страна, секој лицитира со бројки и букви, вака или онака, ќе ја биде или нема да ја биде, каде оди Македонија? Или, колку има Албанци во Македонија, и вели: “Во Македонија има од 25 до 30 и повеќе проценти Албанци.“ Биле овие или оние, есапот во куќата Македонија си е есап и крај, точка! Нема тука ништо што може да се погодува, или пак со вистински попис на инвентарот во една крчма или куќа, Македонија нема вистинска слика каква е фактичката состојба… Но, едно да е јасно: Ако во авионот има се’, а пилотот го нема, така е и со крчмата: Или прочистете ми ја куќата Македонија. Читајќи ги извештаите на изборната комисија во нашата пријателска држава Германија каде живеат 8 милиони наследници на Султан Сулејман, каде дамата по четврти пат го доби мандатот да ја раководи Германија, народот ја прашува и вели, аферим за вашата повторна победа, но зошто на тие осум милиони Турци не им го давате правото да го воведат својот мајчин турски јазик како службен јазик во Германија, да биде втор јазик во државата Германија? Во Германија, нема шанси за вакви прашања, нема Пржински договори, ниту извештаи од Прибе! Тоа што и’ го наметнуваат на Македонија не важи во Германија, освен еден збор, зборот НИКС, или по нашки – НИКАКО!
Ќе ја спомнам и госпоѓата Пак, или Дорис Пак, одговорна за животот и народите на Балканите меѓу кои и на Македонците. Во една прилика госпоѓата Пак ми рече, пријателски, пиејќи го гостинското кафе во нејзиниот кабинет во Советот на Европа во градот на штрковите Стразбур уште во 2002 година или пред 15 години. Ми вели, имам сознанија и информации од тогашниот попис спроведен во Македонија, дека Албанците во Македонија се под 17%. Секоја чест на моите сограѓани Албанци. Ги почитувам како мои добри пријатели, сограѓани, другари. Со нив се гледам постојано на кафе, чај или на баклава за време нивниот празник Бајрам или на јајца на нашиот голем празник Велигден. Без стереотипи и без предрасуди… Со еден збор, нема никакви забелешки. Но, тука нешто некој р’чка, некој прави заврзлами и далавери. Сака да не скара, а потоа како миротворец, да не раздвои и да ја подели Македонија, со една желба: Македонија да не постои како едниствена и заедничка татковина на исте Македонци по потекло и државјанство, на сите кои си ја сакат заедничката татковина Македонија и Македонците, и Албанците, и Ромите, и Турците, и Србите, и Власите, и Босанците и останатите… Значи, станува збор за манипулатори и воени профитери, кои имаат една единствена цел: Да ни ги вметнат безр’бетниците политиканти и да посеат магла, за во матно да се лови… Или како “добри кројачи“ да ни ја скројат толку лошо капата, што од големината ќе ни ги покрива ем очите ем ушите, за ние при очи да бидеме слепи, при уши да бидеме глуви. И така, слепи и глуви да не остават и пуштат по патот наречен “Експресен европски автопат виа црната точка наречена“ САМОУНИШТУВАЊЕ… Зарем таква Европа ни треба? Или, има ли морал на изборите и во политиката во Македонија? Да не ја заборавиме и амнестијата… Кого амнестираме деновиве и зошто? Кого апсиме за изборите и зошто? Велат стравот лозје чува. Од што се плашат политичарите и лидерите во Македонија? Акоа ви е чиста совеста, дали треба од нешто да се плашите?

Кога сте чисти и праведни, секој би требало да е со вас: И народот, и енергијата, и вселената, и Господ… И, до круцијалното прашање: Ако сте повиканите или избраните од да бидете спасители за нацијата и државата, зошто го апсите човекот кој нема вина за ништо, освен што си ја сака твојата и неговата Македонија, твоите и неговите Македонци каде и да се, а тие се и на север, и на југ, и на исток, и на запад, или на сите страни од компасот.
Дури од Пустец, каде е чест и почит да се наречеш и чувствуваш дека си Македононец, а потоа човек. Од друга страна, оние што се огрешија пред државата и пред Бога во 2001 година, со закон ги ослободуваш од вина, а го апсиш оној кој се бори за Македонија?! Каде е тука етиката? Се согласувам и ви ја давам мојата целосна поддршка, безкомпромисно против секој криминал и терор, но пред да ја барате раската во туѓите очи, народот порачува: Тргнете ја гредата од вашето око! Кој се плаши од Македонците во Пустец, а не се грижи од организираната и оркестрираната колективна толпа за гласање да се освојат Струга и Кичево? И повторно, каде е моралот тука? 2000 гласа се еднакви на 20.000 гласа или 2 градоначалника, проста е макетематиката. Така ли ке ја изградиме и зачуваме Македонија? Каде е моралот тука? Ајде да се вратиме на пописот! Попис мора да се одржи, да се спроведе, но како што тоа го прават и во Западна Европа. Исто како во Германија, Франција, Велика Британија, САД… Каде и да влезете во западноевропските земји, Македонија и Македонците мора да изиграме по некое оро, “Пајдушкото“ или “Топ тан топ тан…“ Ни удираат печат и како жигосани строго да се движиме по котите и координатите истакнати во тие шенген визи. Зарем пописот ке го замениме со проект Регистар на население, како можна замена на ПОПИС? Зарем уште едно предавство? Зарем уште еднаш моите лични и партиски интереси, против државните и националните?! Зарем народот ќе се третираат како стока? Колку е чесно ова за Македонскиот народ, или дефинитивно остварување на идејата за бришење од регистарот на народите, идентитетите и јазиците во ООН каде свесно некој не обезвредни и не маргинализира, или најлошо, не продаде под срамното времено обраќање пЈРМ? Почитуваната професорка Ванковскс вели: “Сега јасно ви е зошто од зборот ПОПИС ги фаќа алергија? Бидејќи Македонија е веќе само територија, проектот ќе биде комплетен кога ќе воведат “регистар на население/стока“!

Од укинувањето на концептот ПОПИС им зависи Рамковна Македонија, нема никогаш ни да го спроведат. Отиде Македонија… по ѓаволите!..“ негодува Ванковска. Сега, некој го симна тој шенген срам, но повторно други за нив се лошите криминалци. Знаете, кога некого го врзувате и го држите во “трло“ па ќе го пуштите, тогаш тие забегуваат, трчаат по сопствен избор и желба низ светот, со единствена цел, да се надомести изгубеното или неизживеаното врема на мрак и тортура. На крајот, за да го добиете гласот на народот, најпрвин треба да бидете сосема јасни, а тоа е, колку сте самите искрени и чесни, во спротивно, Гласот на народот ќе ви одоговори: “Не ме манипулирај, не ме злоупотребувај!“

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This