March 28, 2024, 12:57 pm

КОЛУМНА НА СЛОБОДАН ТОМИЌ: Тргнете ги валканите прсти од Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ме инспирира фејсбук-пораката на Боте Алексовска која вели: “Немање љубов кон татковината е суштинскиот проблем во нашето општество. Луѓето станаа материјалисти, ги интересираат само пари и се’ што носат тие. Не ги интересираат духовните и интелектуалните вредности, вклучително и познавањето на сопствената историја, култура, уметност, патриотските чувства…“

Оваа силна порака треба секој да ја вклесе на своето чело и срце, но пред се’ во умот!

Сте се запрашале ли воопшто: до каде води оваа лудило од непочитување и на непризнавање на националните вредности, а пред се на татковината Македонија?

Дали Македонија е нечија лична сопственост, од којашто некој сака да направи се’, освен заднички дом, или куќа, во која ќе живееме сите заедно?

Конечно, во сите овие изминати дваесет и седум години, од почетокот на “плурализмот“, докажавме дека сме канибали и осветољубиви, а најмалку Македонци, во вистинската смисла на зборот!

Македонецот се радува на добри дела и на добра иницијатива. Македонецот не мисли лошо никому, Македонецот знае да проштева и да прифати што е добро а што е лошо за него кажано претходно како критика!

Македонецот знае, пред се’, да си ги сака фамилијата, верата и државата! Ова свето тројство му е пред се’!

Македонецот не му забива нож на својот брат и на својот најближен!

Македонецот гине за државата и за иделаите на македонизмот: ИМЕТО, ИДЕНТИТЕТОТ, ЈАЗИКОТ И СЕ’ ШТО ЗНАЧИ МАКЕДОНИЈА!

Каде сме ние сите во сето Ова?

Прашувам од едноставна причина, бидејќи од досега виденото ниту “М“ од македонштината!

Лесно е да се удираш во гради дека си Македонец, а тешко е да си ја оддржиш и задржиш македонштината!

Дали рапродажбата на основните и светли симболи на државата ве прави моќни, недопирливи и недостижни?

Не, не лажете се, доколку поверувате во овие гнасни нешта што си ги поставивте пред себеси, остварувајќи ги и реализирајќи ги најгнасните работи во штета за Македонија!

Конечно, во Македонија нема услови за плурализам или демократија. Македонија е Мека и Медина само за еднопартиски ситем или малоумие, бидејќи така се снаоѓавте во минатото кога стануваше збор за разнебитување и раскрчмување на Македонија!

Затоа, турите пепел врз играриите и политиката. Се’ уште не сте дораснати за оваа професија и наука. Политиката не може секој да ја практикува или да се занимава со неа!

Политиката во Македонија се’ уште ќе биде и ќе претставуваа кукла којашто функционира под диктатот на кукларите или поедноставно речено, Македонија ја направивте “мариеонета“ диригирана и раководена од страна на мајсторите на хаосот, кои по секоја цена сакаат Македонија да ја (с)нема.

Во едно сум убеден, дека таквите сценарија нема да им успеат никому! Дури и на егзибиционистите кои си поигруваат со силата на зборот Македонија и македонската историја, култура, јазик и наследство!

Тргнете ги валканите прсти од Македонија!

34 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This