КОЛУМНА НА СОТИР КОСТОВ: Народот никогаш не заборава и не простува, туку казнува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денешната моја колумна се фокусира на политиката како феномен, кој овозможува еден окупатор од минатото(Бугарија), својот срам за окупацијата(на Македонија) да го префрла на окупираниот, што е апсурд на денешниот ден, и сам по себе, и сам за себе. Но, станува збор и за одговорноста на тој што од несфатливи и неприфатливи причини, го прифаќа срамот, без трошка свест и совест за својата одговорност пред историјата, пред народот(Македонски), и одговорност за иднината на државата Македонија. Ајде, најпрви да го дефинираме тој феномен(политиката). Политика! Нејзиното име е од женски род. Сакал, не сакал, ти идат асоцијации за курврлк. Упс! Се извинувам, сепак понежно(покоректно) е ороспилак. Од Сократ, преку Платон и Аристотел, па до денешни дни таа најразлично е дефинирана, поставувана и спроведувана. Едни велат дека е достоинствена. Други, веднаш на таа достоинственост, ги спротивставуваат нејзината заводливост и опојност, до која таа многу често ги води нејзините носители. Трети на преден план ја ставаат нејзината праведност. Ама има  и такви кои велат дека е сурова и нехумана. Има и такви кои одат најдалеку и велат дека е умна, а таа не е ниту наука, ниту пак уметност. Мојот пријател Георги Барбаровски одамна запиша дека е Олимп на нашите промислувања и походи. Ако е така, а така е, тогаш таа може да биде и предизвик, и цел, и награда, и казна. Напати строга, многу почесто занесувачка и опојна, дури и одбојна. Како и да е, таа е наша судбина. А како таква, и сеприсутна и семоќна, претенциозна и самоуверена, до ниво на наметлива и исклучива. Е, тука доаѓаме до нивото кога таа за дел од секундата се претвора во власт и надмоќ, и затоа, како што забележал Вебер, тој што се занимава со неа тежнее кон моќ. Тука веќе навлегуваме во темните лавиринти на политиката, каде ако вие не се занимавате со неа, таа ќе се занимава со вас. Се уште не избледнале сеќавањата на комунизмот и сталинизмот. Добро, денес го живееме времето на демократија и плурализам, ама гледаме, слушаме и чувствуваме дека врие од непринципиелност, поводливост, грубост и подмитливост. Тие веќе се изобличување на најблагородното и највозвишеното знаење, што таа треба да го претставува. Со ваквите изобличувања таа сигурно не е мислење на паметното дејствување на тие што ја спроведуват, и е многу далеку од невиноста кои занаат да и ја препишат.

И сега, сакале, не сакале, ете ти ги пред нас Бојко Борисов, б’лгарски паун кој се шепури на македонска почва, и Зоран Заев, изгубен Германец, во сопствената држава. Сепак, ако сакаме најсоодветно да ги опишеме, и едниот, и другиот, на денот кога го потпишаа срамниот договор за пријателство, добрососедство и  соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, мораме да го повикаме на помош стариот лисец на дипломатијата, Хенри Кисинџер. Тој за политичари од таков вид велеше дека политиката што тие ја спроведуваат е најдобриот афродизијак за нивната немоќ, и за нивните комплекси и суети. Како инаку би била нивна верна метреса на патот за освојување на власта и билдање на моќта. Ете тоа им го прави таа Вавилонска блудница на ‘’избраните’’ како Борисов и Заев. Првиот да изгледа како надуван и самозадоволен паун, а другиот буквално изгубен со помешани чувства, кои ги прочитавме на изразот на неговото леце, кој не можеше да го контролира. Тоа е и нормално: ненормално брзаа кон целта, без да видат дека таа од нив направи насилници на историјата, агресивни и безобѕирни ретуш-мајстори на минатото и неморални силувачи на културата и образованието. И секако, целосно слепи за вистинските прашања и проблеми на македонскиот народ, македонскиот јазик и без никаква грижа за постоењето, положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во Бугарија. Тоа е срамно превреднување на сите вредности, би рекле филозофите. Експертскиот јазик тоа го нарекува ретуширање на историјата. А народски кажано, тоа фалсификат. Најобичен, ама брутален и срамен. Самоуверени до ниво на самодоволност, овие пориви нив   ги претворија во понизни полтрони на своите налогодавци. Разбира се, меџународната и застапниците на вековната бугарска кауза вперена против македонскиот опстој. Како такви се покажаа погоден политички смет на времето во кое живееме, од кој изр’туваат сите проблеми на македонскиот народ. Нивните говори ги доживеав како панаѓур на говорот и суетата, на кој тие преку дворската куртизана(нивната политика), нас, граѓаните на Р. Македонија не третираат како бит-пазарска роба, најдолен вид бофл-роба, понижувајќи не и исмевајќи не, велејќи дека сме биле среќни оти ете тие го потпишале договорот. Колку сме ние среќни, толку тие да бидат успешни во таа и таква нивна политика. Кој не верува во ова нека бара телевизијата на буква ‘’Т’’ да спроведе истражување само со две прашања поставени до граѓаните на Македонија: Дали го одобрувате договорот? и дали тој ве прави среќни? Ајде, па да ги видиме резултатите, и да ја видиме сета среќа што ‘’блика’’ од нашите граѓани. А може и вака: Зошто од медиумите на власта, ниту еден, ама буквално ниту еден, не направи мини анкета(како што вообичаено во вакви прилики го прават тоа) и не ни ги покажа среќните лица на Македонците. Море луѓе зошто не си признаеме дека тука отсуствува почит кон нас Македонците и кон нашето достоинство. Овој недостаток на елементарен почит кон најсвоето, кон најмакедонското, Заев ќе си го носи како грев и печат на неумност и неукост кон македонизмот. Гревот нема никогаш да биде заборавен, а срамниот печат секогаш ќе биде видлив.

И сега, од кога го прочитавме договорот, има ли уште такви на кои не им е јасно дека се работи за отворена бугарска стратегија за разнебитување на македонството? Драги мои Македонци, повеќе од јасно е дека Бугарската политика кон Македонија, поточно бугарската атака кон нас, ја предводат актери, протагонисти и антагонисти со подли страсти и валкани амбиции и највалкани заложби и цели. Дури сега, тие никогаш нема да се откажат од нивниот сон: да избришат се што е македонско, и се што низ историјата се поврзува со Република Македонија, со Македонците, со нацијата, традицијата, јазикот, културата. И види бе, САД, ЕУ, Германија, Франција, се потепаа сето ова да го поздрават. Значи: на Западот ништо ново, а на исток, стари приказни од Бугарите.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This