April 19, 2024, 12:06 am

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Баба лаже, трап не лаже!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зошто не можеме да воведеме втора смена во градинките?
Еве ги фактите:

Во Карпош, градинката „Мајски Цвет“ во 2006 година имала 520 деца, а денес има 770. Тогаш имала 114 вработени, а денес има 73.

Градинката „Пролет“ во 2006-та имала 550 деца, а денес има 647. Тогаш имала 103 вработени, а денес има 95.

Градинката „Орце Николов“, во 2006-та година имала 565 дечиња, а денес има 660, а за прием чекаат уште 20 деца. Персонал и тогаш и сега имаат 74 вработени лица.

Градинката „Распеана младост“ во 2006-та година, имала 168 деца, а денес има 230. Тогаш имале 31 вработен, денес има 28 вработени.

Се надевам дека овие бројки ќе и послужат на министерката Царовска за да сфати, дека одлуката на нејзината влада е непромислена и неподготвена. Воведувањето на втора смена ќе оди на штета на децата од прва смена. Заборавив да напоменам дека за овие четири градинки во општина Карпош има вкупно 10 објекти.

Очигледно дека оваа влада е без компас. Точно е дека Бејли им помага. Тој секој понеделник на Заев му доставува ливче што треба да работи. Ама во ливчето не стои како потезите до крај да ги завршат. На пример во ливчето не стоеше дека ќе има пожари во Македонија, и дека марионетската влада ниту за гаснење пожари не ја бива. Еве сега една убава идеја за воведување на втора смена во градинките, и таа не знаат да ја спроведат.
Не обезбедиле ниту пари, ниту персонал. До сега градинките работеа до 17.00 часот, а отсега ќе работат до 24.00 на полноќ. Овие седум дополнителни часа греење, кој ќе го плати?
Па пред 20 дена усвоија ребаланс на буџетот, зошто не си обезбедија средства?

Гледам вчера, ќе ги носат на одмор сите оние кои имале приходи под 20.000 денари. Убаво! Ама, дај бе луѓе решете го проблемот прво со двосменското работење во градинките.

Вчера, една негувателка во градинка ми вели – „Работам за 13.000 денари, затоа што не работам попладне, и не работам во сабота. Сега треба за истата плата да работам и попладне и во сабота.“ – За тие пари вели, градоначалниче – “…Не работам. Или ќе напуштам или ќе се влечам по боледувања.“

Пак сакам да и ја запеам на министерката Царовска онаа позната македонска – „Каде си тргнала Кито, боса на чешма? Каде си тргнала Кито, боса на чешма? Китооо леее….први мераку. Кито леее, прва изгоро…“

Сѐ мислам дека нашата Кита изгоре на првиот проект. Жал ми е.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This