April 20, 2024, 10:29 am

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Државничко или предавничко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија покажа невидена храброст. Таму каде што големите сили Англија и САД и Русија од друга „си ги мерат стаповите“, ние одлучивме да го ставиме задникот. Натаму, одлучуваме спротивно на сите интереси и досегашни случувања во Р.Македонија да играме само со еден стратешки партнер. Стратешки партнер, од кој што постојано сме под притисок. Стратешки партнер кој не смета за монета за поткусурување.

Многу убаво ни кажа Рускиот амбасадор Олег Шчербак. Седесињата и нивните мегафони, пресконференцијата на амбасадорот ја толкуваат како закана. Кој фактор сме ние па Русија да троши и закани кон нас. Неговата екселенција, убаво ни кажува. И многу е логично:

– Кога ќе влеземе во НАТО, Алијансата ќе распореди воени ефективи во Македонија. Исто како во Косово. Најверојатно тие воени ефективи ќе бидат на Криволак и тој дел ќе има екстериторијален статус – односно, него нема да го контролираат институциите на Р.Македонија, туку НАТО. Таму ќе прави што сака, и ќе поставува какво сака оружје. Вклучувајќи и балистички ракети.

Затоа амбасадорот ни кажува, јасно и гласно:
Во тој случај Руските интерконтинентални ракети ќе бидат насочени кон Македонија, и ќе бидат во состојба на готовност. Русија нема прва да нападне. Но, ние Македонците нема да одлучуваме кога ракетите од Криволак ќе се кренат, туку одлуката ќе ја донесе Вашингтон. Рускиот противудар ќе биде на Македонска терорија и тие јадни балистички НАТО ракети нема да успеат да се кренат ниту 20 километри во воздух пред да бидат соборени, а од Македонија ќе остане прав и пепел.

Стратегијата на НАТО, во овој момент е постојано трупање на воена ефектива блиску до границата со Русија. Досега имаат распоредено околу 60.000 војници. Во евентуалниот конфликт со Русија, главната битка треба да ја бијат православните народи. Естонци, Литванци, Летонци, Пољаци, Чеси, Словаци, Романци, Бугари, Македонци, Црногорци, ако може и Срби. А, САД ќе ја има командата.

Русија, повеќе пати ја предупредуваше Полска и Романија да не ги разместува овие ракети затоа што, како што велат Русите, над главата си ставаат оган.

Русија е најголема светска нуклеарна суперсила. Таа поседува над 4.500 интерконтинентални нуклеарни боеви глави. Сите тие 4.500 се потенцијална опасност за Вашингтон. Стратегијата на САД е да распореди воени ефективи долж границата на Русија, особено во Европа за голем дел од тие ракети да бидат насочени од САД кон Европа.

Кој е сега тука будала? Кој е овде нерационален?

Со Русија нема играчка. Таа е најопасна кога е загрозена. Вистинска голема мечка. Со промоцијата на најновата хиперсонична ракета со брзина од 7 километри во секунда, и до висински плафон од 4.790 километри, и може да остане долго време во вселената и потоа како метеор се спушта кон целта со наведување и можности за последна корекција е дури во последните 130 километри. Овој, „вундеркид проектил“ погодува со прецизност од +/- 5 метри од целта. Додека пак нуклеарниот штит на НАТО може да дејствува до максимум 70-тина километри во воздух, и летаат со брзина од 4.5 километри во секунда.

Втората по опасност, е најновата нуклеарна боева глава која се прикачува на дното од руските подморници и таа во еден момент се откачува и може слободно да плови по океаните на длабочина од 1.000 метри (најсилната подморница може да издржи 700 метри длабочина).

Бидејќи е на нуклеарен погон, сателитски се наведува и може да застане на океанското дно на 1.000 метри длабочина и така да седи дури 10 години. Ако оваа мега-бомба од 100 мегатони (20 килотони е бомбата на Хирошима), повторувам, 100 мегатони, легне на океанското дно кај Калифорнија, во случај на нејзино активирање, експертите велат дека Калифорнија ќе биде отсечена од контиентот, а ќе се појават бранови од 500 метри височина. Значи, апокалипса.

Русија е воено многу силна земја. Но, по број на луѓе не е голема. Само 147 милиони жители, и со целата Евроазиска унија 195 милиони. За разлика од неа, НАТО алијансата во која влегуваат 29 земји, брои речиси милијарда. Само Европа, заедно со Турција е 550 милиони. Опасноста која ја демне Русија во стратешките планови на САД и Англија, е во истата да предизвикаат внатрешни немири со надворешна интервенција и потоа да ја поделат на три дела. Европски, Азиски и Сибирски дел. Русите ја сфатија оваа опасност и предвреме се соочија со фактот дека поседуваат огромна територија, а малку луѓе и затоа одлучија да ја бранат земјата со паметни технологии. Тоа значи со џојстици од диспечерски центар, тенкови, авиони и се останато да одат во напад или во одбрана без војнички екипаж.

Воопшто не ме изненади одлуката на квислиншката македонска влада. Па таа е донесена да прави вакви работи. Да потсетам, владата на Груевски не воведе санкции против Русија. Јавно прашувам, што ние имаме од нивните големи игранки? Нека си се караат, и нека си се помируваат самите. Русија во Скопје има најмалку 15 пати помала амбасада со персонал од САД. Дури е помала и од Бугарската и од Српската. Па ако со толку малку луѓе успеале и да шпионираат, значи се „вундеркидзи“. Ако Руската амбасада еден службеник вршел шпионски работи, се прашува ли некој колку луѓе од амбасдата на САД вршат шпионажа? Ама од американците ни е убаво кога не шпионираат!

Знае ли јавноста дека амбасадорите со нога отвараат врата во УБК. А, во основата на контраразузнавањето е да следи што прават странските амбасади и нивните службеници.

Големата мечка никогаш не избрзува, нема зошто и со Македонија да брза. Ни кажаа, ќе процениме и ќе ви вратиме. Ако имаме ум во главата, не треба толку да бидеме сервилни кон Американците и мизерно поданички ориентирани против Русите создавајќи во земјата русофобна хистерија.

Клучот на се, што Русија не ни соли памет, не ни менува влади, не ни се вмешува во внатрешните односи, само ни се чуди на паметот и не предупредува на опасностите кои не демнат како пријателска држава. Тоа што ние и пријателите ќе си ги направиме непријатели за да им се додвориме на „партнерите“ кои не угнетуваат и поткусуруваат, покажува колку нашата политика е државничка. Нема ништо државничко, туку предавничко. За жал, имаме влади кои не водат грижа за нашите, туку за туѓите интереси.

П.С. Шу праиме сеа, кога го слушаме фактот дека овој воен отров се произведува само на неколку милји од местото на злочинот во Солзбери?

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This