April 24, 2024, 12:51 pm

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Дур! (Стоп)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголем сојузник на САД е Англија. Во рамките на НАТО после Американците, најсилна армија имаат Англичаните. Но, да видиме како работите стојат кај првиот американски сојузник:

1. Дали знаете во минатогодишните анкети во Англија кој е најпопуларен политичар?
– Верувале или не, на прво место е Владимир Владимирович Путин со 33% рејтинг.

2. Знаете ли која е најгледана телевизија на островот?
– Мислите Би-би-си? За жал не. Најгледна телевизија е Раша Тудеј (Русија денес).

3. Иако постои економска блокада, што мислите колку посто од трансакциите на лондонската берза ги прават руски компании?
– Дури 25%.

4. Знаете ли кој е верски поглавар на англиската црква?
– Кралицата Елизабета. Минатата година таа се сретна со рускиот Патријарх.

5. Ви се верува ли дека Англичаните не сакаат да одат во војска?
– Дури 70% од капацитетите на воената морнарица не е потполнета со војници.

Како што гледате само нас ни кажуваат приказни за наводно руско влијание и нашата марионетска влада се труди да биде поголем католик од папата. И нозе и глава ќе искршат да им се додворат на американците. Демек, пријатели им биле.

Поранешниот државен секретар за надворешни работи на САД, Кисинџер, вели: – Да и бидеш непријател на Америка не е паметно, но да и бидеш пријател е погубно. И Милошевиќ беше Американски човек, па го ликвидираа во Хаг.

Со Талибанците беа „шајка“, па денес ги требат како жолти мравки.

Хосни Мубарак беше нивен пријател па видовте како заврши. И, Осама бин Ладен беше нивен пријател па го измасакрираа.
Груевски исто така мислеше дека е пријател со Американците и го бутнаа од власт. Чичаковски уживаше во улогата која што му ја има доделено американскиот амбасадор, но падна како зрела крушка со една изјава на Бејли.

И Заев мисли дека е многу близок со Американците и им слугува со задоволство, ама кога ќе го одработи своето ќе го шутнат како фудбалска топка.

Михаил Горбачов дури доби и Нобелова награда за мир и беше пресреќен што стави крај на Студената војна и ги нормализираше односите со Американците. И денес војници на НАТО има во Балтичките републики, во Романија и Полска, а во Украина им направија војна.

Денес, некој е многу среќен и рамениците му се модри од тапкање, но љубовта ќе трае до промена на името, воведувањето на двојазичноста, потпишувањето на договорот со Бугарија, воведување и на потпретседател во Македонија и нејзино претварање во бинационална држава.

Дали ова предавство по Американски терк ќе успее не зависи толку од тие што се на власт, туку од тие што се во опозиција. Дали се тие подготвени да пружат отпор многу посилен од оној што е денес, и дали опозицијата е подготвена да се сплоти заедно со сите патриотски сили во Македонија.

Длабоко сум убеден дека само треба да се издржи и да не им се дозволи да не притиснат и да не ни ја преуредат државата како што наумиле. Светот не е веќе униполарен, туку мултиполарен. Сериозни поместувања има во Азија, во Јужното кинеско море. Тензиите се огромни со тенденција да прераснат во нуклеарна војна.

На блискиот Исток САД ги губи позициите. Русија и покрај својата воена база во Сирија веќе потпиша договор за воена соработка со египетскиот претседател генерал Сиси и ќе отвараат неколку воени бази. Путин ќе отвори воена база и во Либија и во Судан. Да потсетам, Кина веќе има своја воена база во Џибути и е само на три милји (пет километри) оддалечена од американската база. Таму Кина веќе има стационирано 10.000 војници. Веќе Русија потпиша договор со Иран за изградба на нуклеарна централа.

Се поставува прашање, што ќе им е централа на Иранците на нуклеарен погон кога немаат недостиг на електрична енергија? -Одговорот е јасен, така најлесно ќе дојдат до атомска бомба, што значи дека и Иран ќе стане нуклеарна сила.

Иако САД имаат воени бази во Саудиска Арабија се чини тоа не им е од голема полза, затоа што нивен најголем купувач на нафта се Кинезите. Сега Кси Џи Пинг бара саудиската нафта да не се плаќа во петродолар, туку во јуан и со златна подлога. Со ова се дотолчува петродоларот. По сите овие операции на Русија на блискиот Исток практично се нанесува најсериозен удар досега на петродоларот. Како што гледате САД се немоќни. Очигледно се преиграа. Се прегреаа.

Бадијала беше арапската пролет. Арапската пролет очигледно ги приближи Израелците со Москва иако Трамп направи само спроведување на законот донесен уште во 1995 за признавање на Ерусалим како главен град на Израел. Но тука има трик. Не кажуваат кој Ерусалим, источен или западен!

Русија го признава западен Ерусалим како главен град на Израел, а пак источен на Палестина. Оваа одлука на Трамп е само одраз на нивната немоќ и медиумски го сепарира насилното воено продирање на Русите на блискиот Исток. Со арапската пролет наместо да се зацврстат позициите на Америка, се зацврстија оние на Русија. Нетанјаху мора да игра и со Путин, затоа што гарант за безбедноста на Израел се Египет и Сирија, а и едната и другата земја веќе се под силно руско влијание. Кога на ова ќе се надоврзе и непослушноста на Ердоган и потрошените две ипол милијарди долари за набавка на руски ракети С-400, покажуваат дека ѓаволот ја однел шегата. Очигледно на блискиот Исток САД нема силно упориште, затоа што на тој народ му донесе премногу несреќи, а со најновиот потег со признавањето на Ерусалим за главен град на Израелците, уште повеќе ја зголеми омразата на арапскиот свет кон САД, а со тоа и кон НАТО.

Единствено главно упориште на САД му останува Северна и Јужна Америка, и Европа. Во Европа невралгична точка е Балканот, а во рамките на Балканот Србија им е коска во грло. Македонија ќе ја внесат во НАТО за да го заокружат прстенот околу Србија и наводно да го намалеле руското влијание на Балканот. За жал Вучиќ има договор со Русите за воено-техничка соработка и во случај на потреба точно се знае што Русија треба да испорача од техника и војска во Србија и за колку време. Затоа оние што мислат дека се е изгубено, и дека се е Американска доминација, не е така.

Во 2018-та ќе има голем расплет. За некого разочарување, за некого среќа. Но ние не смееме да ги занемариме добрите Грчко-Српски односи, како и Грчко-Руски односи. Да не биде во фотофинишот да го изгубиме натпреварот. Затоа не брзајте со продажба на името, со редефинирање на државата, со потпишување на Бугарски договори, Црковни мајки и не знам какви шајки.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This