КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: И шу праиме сега?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Касно Марко на Косово поље“. Касно се сети Зоран Заев да дава тврди изјави кон Грците. Денес пред судот тој коментирајќи ги изјавите на грчкиот претседател Павлопулос за „трите не“, тој побара да видиме во грчкиот Устав дали тие се грижат или не за своите граѓани надвор од Грција. Епа добро утро.

Касно ти текна момче. Ти немаш право да поставуваш вакви прашања. Ти имаш право да кажуваш дека немаш црвени линии и да виткаш кичма. Ви велев јас дека, кој не преговарал со Грци тој не знае како тоа изгледа. Ама паметниот се учи од грешките на другиот, а будалиот на своите. И порано тврдев дека ќе го навлекуваат Грците како „млад мајмун“ и на крајот ќе му ги испорачаат најтешките услови.

Штом Коѕијас ја одложи својата посета од февруари за март, а сега од почетокот, за крајот на месецот, штом пропадна во земја медијаторот Нимиц и испраќањето на грчкиот предлог договор, јасно беше како ден што се случува. Што би рекле србите „оде воз у кукуруз“.

Сега да го праша некој што му помогна преименувањето на автопатот? Дали му помогна во преговорите промената на името на аеродромот? Јункер дојде да му каже „браво будало, само продолжи така, продолжи да се глупираш, Грците сакаат такви како тебе, а и ние во Европа“. Очигледно дека најголемата надеж на Зоран Заев, надворешната политика доживува фијаско. Тој и неговата надворешна политика се во слободен пад. Единствен можен падобран му е покана за НАТО, а резервниот му е датум за преговори со ЕУ. Арно ама, јасно му е дека неговиот пат за Брисел е преу Атина, а Брисел и Атина му се се подалеку и подалеку. Што би рекла Јанкуловска, „и шу праиме сеа?“.

Нема што да правиме сега. Сега ќе паѓате од власт. Затоа што не ве бива. Затоа што и предавството не ве бива да го направите како што треба. И за тоа не сте кадарни.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This