March 28, 2024, 11:52 am

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Магла!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Слушам главна вест по порталите бил пречистувач за воздух во канцеларијата на градоначалникот на општина Карпош. Конструкцијата е од страна на медиумите, на црвените кмери: „додека народот се гушел со ПМ 10 честички, јас сум дишел чист воздух во канцеларијата“. Кој го пласира ова? Се разбира новиот градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев. Очигледно ги засукал ракавите ама за отприлика еден месец подалеку ниту од својата канцеларија не може да види. Не знам дали е слеп и се толку го спремил пиарот му партиски. Ќор ли е или не гледа дека апаратот воопшто не е вклучен?

Интересно е што овој апарат не им сметаше ниту на Бранко Црвенковски, Андреј Петров, претседавачот Трифун Трифуновски и сите седесиња што беа главни паши во општната до 2012-та. Па овој апарат заедно со уште, мислам два, е набавен во 2010-та година. Тогаш бевме сместени во зградата во Нерези. Канцелариите имаа јужна ориентација. Јас за ваков апарат поима сум немал, а за волја на вистината во 2010-та не сме знаеле за ПМ честичките затоа што апаратот за мерење во Карпош 4 на амбиенталниот воздух е поставен во 2013-та. Човекот кој што ги продаваше овие апарати дојде по препорака на партиската централа на СДСМ, со образложение дека е добро да се постават вакви апарати во канцелариите каде што доаѓаат многу странки. Тоа беше архивата, канцеларијата на урбанистите и мојот кабинет. Постоењето на вирози и разни други заболувања беше образложението дека со прочистување на овој воздух драстично ќе се намали. Овие апарати ги користевме во зградата во Нерези. Откако се преселивме во основното училиште „Лазо Трповски“ кај мене во кабинетот воопшто не е вклучен, од едноставна причина што постојано беа отворени прозорите од источната или јужната страна.

На власт дојдоа ветувајќи му на народот воздух, а сега сеат магла затоа што не знаат како да се справат со лагите што ги кажаа во кампањата. Решение за воздухот немаат, и тоа е јасно како ден. Ветуваа мораториум на градби во Карпош. Ми се јавуваат граѓани кои биле кај новиот градоначалник со барање да се запрат новите градби, ама тој им кажал дека нема да можел да им дели плати на вработените ако запреле градбите. Добро утро!

Не лажеле. СДСМ си е СДСМ! По кој знае кој пат нѐ излажаа.

Така е. СДСМ секогаш се служи со лаги. Главен проблем по засукувањето на ракавите им е апаратот за воздух во кабинетот на градоначалникот. Ви велев пред да го гласате прво да ви покаже слика каде засукал ракави.

За денот на општината имаме традиционална акција за крводарителство, јас се спремав во понеделникот наутро да одам и јас да дарувам крв но во 12.30 часот требаше да летам надвор од Македонија, а бидејќи ми се искомплицира нешто околу патувањето не успеав да стасам да го направам тоа што го правам секоја година. Затоа ќе одам на трансфузиологија да си ја исполнам својата граѓанска обврска, како карпошанин. Но ќе каже ли градоначалникот Стефан Богоев зошто тој не даруваше крв. Веројатно изговорот ќе биде дека бил болен.

Бидејќи има слаб имунитет, а не е навикнат да работи значи од корист би му бил апаратот за прочистување на воздух! Ќе бил здрав и граѓаните на Карпош ќе виделе аир од 300-400 грама негова крв.

Абе како јас не се разболев за овие осум години? Туку секогаш за денот на општината дарував крв. Седнаа во градоначалниката фотелја, им се виде толку многу тешко и веднаш почнаа да се разболуваат. Не мене, туку швајцарски апарат за воздух му треба на оној кој не е навикнат на напор, на работа, на мислење, на решавање на проблеми. Затоа му паѓа имунитетот.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This