КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Мало морген

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Путин веруваше дека е можна заедничка колективна европска безбедност до 2007ма година. На форумот за безбендост во Минхен таа 2007ма година, Владимир Владимирович Путин дефинитивно ги оттргна дилемите и одлучи Русија да ја сврти во друг правец. Да тргне во нов технолошки развој и модернизација на руската армија.

Земајќи во предвид дека САД и НАТО се се поголема закана за најголемата држава во светот која тој ја предводи, новите технолошки достигнувања на руските научници отиде до таму што 2020та година руската армија ќе биде целосно модернизирана. Нивната цел е на бојното поле да не гинат војници (човечки жртви) туку нивната техника.

Новиот руски тенк АРМАТА фунционира без посада, со автоматско полнење, беспрекорна прецизност во движење, многу е подвижен и неверојатно брз за тенк. Тој целосно се управува од конторлен диспечерски центар.

Миг 31 е најбрзиот борбен авион во светот. На неговата основа се работи на  надградена верзија и прототип, а тоа е новиот миг 41.

Внимавајте! Во борбена употреба е миг 33 и миг 35. Имаат изработено прототип и од овие два модела (миг 37 и миг 39). Нивните прототипови со целосно разработена технологија се спремни за произвидство, но ќе се произведуваат само во случај на војна.

Путин и уште понезгодниот министер за одбрана Сергеј Шојгу, одлучуваат директно да одат на производство на миг 41, кој најдоцна до 2025та година ќе биде во оперативна употреба и на располагање на руската армија. Овој ловец ќе лета во вселената со 4 до 6 пати поголема брзина од звукот и ќе може да прати помали сателити, а ќе биде без пилоти. Своите цели во воздух и на земја ќе ги гаѓа со ласер наместо со ракети. Најбрзата против-авионска ракета до сега се движи со брзина од 4маха, а ако новиот миг41 лета со 6маха тоа значи дека тој ќе биде недостижен за американските ракети и невидлив за нивните радари.

Русите не би биле Руси ако во исто време не развиваат рекета со која би можел да се сруши овој авион. Оваа ракета ќе ја има само руската армија и никој друг, затоа што авионите кои ќе бидат продадени на трети земји ќе можат да бидат соборени само со руски ракети.

Сега се прашувам кој Цацко ја тера нашата голема министерка за одбрана да коленичи кај Хрватите, за да во составот на еден нивни батаљон влезе Македонска чета, а под Германска команда во НАТО мисија во Украина. Замислете (така барем велат стручњаците) овие воени сили на славната македонска армија ќе одат против Русите и тоа ни помалку ни повеќе во Донбас. Едно е да се оди во воена мисија во Ирак и Авганистан, а сосема друго да се оди во мисија против Русија. Што би рекол еден мој пријател Србин :”Таму су се и најхрабри усрали”.

Што мајка бараме таму каде што би се војувало со притискање на копчиња, а не со куршуми. Ни пепел не би вратиле од нашите кутри војничиња. Што се однесува до Хрватите, тие имаат воено искуство под команда на Германците уште во 1943та година. Една нивна дивизија под Германска команда, војуваше кај Сталинград, ама колку од нив се вратија? “липа наша, ја видоа едвај 4-5 посто”

Америка си го бара со боринче, а додворувајќи се и ние. Ова не го измислувам јас, туку тоа го велат Американските генерали кои војувале и во Ирак и во Авганистан. Тие велат, цитирам: Што ги иритираме Русите, распоредувајќи им ракети во Полска, Романија, а сега и во Украина и ако дојде до воен конфликт, НАТО не само што ќе биде поразен туку тие велат, нивната армија ќе биде уништена и тоа со конвенционално оружје(Русија е најгоелма нуклеарна светска сила). Истите Американски генерали, велат дека митот за непобедливоста на американската армија дефинитино умре во Сирија. Таму Русите ја демонстираа прецизноста, ефикасноста и убоитоста на своите нови технолошки воени достигнувања. Трамп од немоќ испали 42 томахавки од кои само 8 стигнаа до целта, па се тргна малку понастрана за да гледа како Баќушка тепа.

Покрај своја база во Сирија сега Русија отвара нова воена база во Египет.

Обидот на Американците да преку Украина завладеат со Крим, а тоа значи да бидат пред прагот на Москва, не успеа. Путин им влезе во Крим и ја отцепи, а потоа и припои по сите меѓународни стандарди пропишани од Обединети Нации (со референдум). Сонот на вујко Сем да влезе длабоко во Црното Море не се оствари. Геостратезите велат, кој го држи Црното Море тој го има Крим, а кој го има Крим тој го има и Кафказ. Ова беше можно под услов Русија да има претседател како Елцин, кој повеќе мисли на водка отколку на државата. Со Путин и Сергеј Шојгу, мало морген. Затоа Ратке седи си мадро, прави си вежбички на Криволак и не се прави поголем католик од папата.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This