КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Мерцедес vs. Шкода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сведоци сме на корупциски скандал пар екселанс. Корупција во Министерството за внатрешни работи, а со знаење на високото раководство на СДСМ. Зошто со нивно знаење? Па многу едноставно. Штом фирмата од Куманово „Де лукс авто“ се јавува како официјален спонзор на СДСМ, а подоцна со истата е направена јавна набавка во четири очи. Значи, авантата ја дал авансно. Уште за време на изборите. Тоа значи дека зделката била договорена уште пред изборите.

За парите да бидат уплатени на сметка на СДСМ, за ова морал да знае и првиот човек. Не може ова да биде без негово знаење. За случајот да биде уште појасен, дека се работи за корупција, е што фирмата од Куманово „Делукс Авто“ е втора рака, односно возилата не се набавени од главниот дилер „Порше Скопје“ туку од таму ги набавува „Делукс Авто“ а потоа се продаваат на МВР. Која е причината МВР да не набави од главниот увозник, туку од посредник?
Причината е едноставна, митото кое е дадено за време на изборите. Овде има чист случај како ден, обвинителството може веднаш да покрене истрага и во нормална држава ова е вистинска причина за паѓање на влада.

Се сеќавате ли за што лежеше затвор Јанез Јанша? За договор за набавка на специјалните возила „Патрија“ во Министерството за одбрана на Словенија.

Е, сега сакам да поставам прашање. Која е разликата помеѓу набавката на блиндираниот „Мерцедес“ за МВР од страна на Јанкуловска и Груевски, и овој случај? Таму набавката е направена од директниот дилер на возилата, и нормално е да се набави ВИП возило кое што има висок стандард за активна и пасивна безбедност на ВИП личностите кои се возат во него. И, нормално е набавката на тоа возило да оди со преговори. Затоа што ако се распише јавен тендер „набавувам блиднирано возило“ ќе ви се јават Корејски фирми, Индиски итн. А, највисока безбедност даваат неколку познати брендови во Европа – Мерцедес, Ауди, БМВ и Фолксваген. Не е ли иронија за блиндираниот „Мерцедес“ Груевски и Јанкуловска катаден да одат по судови, и згора на тоа оној циркус со неговата продажба каде што државата ќе изгуби 350.000 евра, а од друга страна првата набавка што ја направила новата влада на возила – веднаш влегла во корупција. Нели се срами обвинителството? Нели се срами СЈО?

Неодамна прочитав дека Оливер Спасовски и МВР, и нивни високи службеници од 6-та управа се впуштени во укинување на лиценците на реномирани фирми кои досега ги имаа испитните центри за полагање на возачки дозволи по региони. Таму се вели дека е истисната дури и една „Авто Македонија“ која е водечка фирма во овој дел, елиминирани се и други фирми од источна Македонија кои досега успешно ја обавувале оваа работа за да се инсталираат други фирми зад кои стојат луѓе од високото раководство на СДСМ.

Како што се гледа, за Груевски се мачат да докажат корупција, па дури и измислуваат но тука, очигледно органите на прогонот не им се гледа. Па како МВР би испитувало корупциски случај на министерот за внатрешни работи. Ова е врв на фарсата на ново инсталираната квинслиншка влада на СДСМ од страна на меѓународната заедница. За ова треба да се срамат и оние од меѓународната заедница што ги инсталираа, како и оние дома кои помогнаа да дојдат на власт, а сега срамежливо гунџаат.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This