April 18, 2024, 10:29 pm

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: „Назад нечу, напред не смем, шта да радим ја…“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За да ги одоброволиме Грците веќе го променивме знамето, Уставот и се откажавме од грижата за нашето национално малцинство во Грција, и воопшто во дијаспората. Тоа беше првата рунда во 90-те. Втората рунда е во 21-от век. Започна во Давос. Зоран Заев одлучи да го преименува автопатот и аеродромот. Значи, следуваат и нови давања. Тука е важно да се знае дека во пресудата во Хаг точно е наведено дека именувањето на аеродромот „Александар Велики“ и автопатот не претставува иредентизам и не ја крши времената спогодба.

Александар Велики е универзална – вселенска личност, па ако сакате и вредност. Како може употребата на ова име да претставува израз на територијални претензии и иредентизам. А зошто на пример не е иредентизам именувањето на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје? Светски призната личност и нејзиното име да биде иредентизам.

Грците тврдат дека Македонија е област која денес ја користат три, односно четири држави. И јас со тоа се согласувам. Тогаш од каде право на Грците нивниот меѓународен аеродром во Солун да го нарекуваат „Македонија“? И северна Грција ја преименуваа во северна Македонија. Тоа не е иредентизам, и тоа не алудира на ексклузивност во употребата на поимот Македонски? Смешно, нели! Ред би било и тие да си го преименуваат аеродромот во некое соодветно име.

Кој не преговарал со Грци, тој не знае како ќе биде. Бидејќи Зоран Заев кажа дека нема црвени линии, даде ветување дека ќе влеземе во НАТО и дека ќе го смени името тоа и го чекаат Грците. Тие ќе го навлекуваат и ќе го одолговлекуваат процесот и на крајот пред самитот на НАТО ќе му ги испорачаат најтешките, односно, за нас најнеприфатливите услови за таканаречениот компромис за името, идентитетот, уставните промени, употребата на поимот „Македонски“ итн. Заев тогаш нема каде да оди.

Има една српска песна во која една српска девојка вели „…назад нечу, напред не смем, шта да радим ја…“. Нема каде! Нема назад! На чадорот му ветил промена на името, на нас ни вети влез во НАТО, а на Грците им кажа дека нема црвени линии. Грците ќе застанат цврсто, бетон! И тогаш врз Заев и целата опозиција ќе се слее лавина притисоци да се прифатат грчките позции. Зошто? Затоа што сега следува бран на протести. Да не се лажеме, оние протести со стотици илјади луѓе не се организира туку така. За тоа треба сериозни финансии и колку што имам информации веќе е обезбеден еден милион евра за следниот голем протест. Нивните протести ќе одат до милион. Се повеќе ќе се кажуваат заканите и предлозите Македонија да биде поделена меѓу Албанија, Грција, Бугарија и Србија. Република Македонија да биде поделена, така ќе не плашат. Така ќе не плашат и странците за да народот сфати дека веќе нема каде да се оди и така уплашен да ги прифати грчките позиции.

Штетата по нас ќе биде невидена. За навек. Затоа некој треба да го отрезни Заев и да му каже „не летај еееј!“. Полека. Не си свесен што те чека, и што не чека. И која беља ќе ја направиш.

Затоа почитувани пријатели, очекувам денес токму тоа и да му го соопшти претседателот на државата. А лидерот на опозицијата јасно да му каже – манџата што ни ја свари овие неколку години од сега па натаму сам ќе си ја сркаш. Треба јасно да му кажат – во ова од нас немаш поддршка.

Давај си бре Зоки од фирмите на чичко ти, брат ти, татко ти и спуштај си црвени линии колку сакаш но нашите, нема да можеш!

Наредните неколку месеци ќе бидат многу опасни за Македонија. Каде не води овој човек, тешко нас.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This