КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Од трите, подолгото!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коѕијас од февруари ја одложи посетата за почеток на март, а сега пак, за крајот на март. Веројатно на Заев и Димитров им дава време да го разберат 20-страни големиот предлог-договор. Во меѓувреме, медијаторот Метју Нимиц се изгуби затоа што гледа колку е часот. Од друга страна пак, нѐ изненади претседателот на Р.Грција Павлопулос со неговите три големи „Не!“ за Македонија. Како вели народот – од трите, подолгото. Тоа важи и за Заев.

Најстрашно е третото „Не“. Тоа е „Не“ за употреба на Македонскиот јазик надвор од границите. Ако ова го прифатиме, тоа значи дека Македонците што сега живеат во Егејска Македонија нема да смеат да говорат на Македонски. Веројатно ќе им воведат казни и забрана да го употребуваат мајчиниот јазик. Значи, од дупка во дупка влегуваме. Ова е смислена стратегија за уништување и на јазикот – од една страна Бугарите со нивниот договор, од друга страна Грците го потегнуват прашањето со јазикот, а од трета страна се воведува двојазичност во Македонија. Македонскиот народ не е толку силен ова да го издржи. Премногу сме кревки. Најпаметно за нас ќе биде ние да кажеме исто така три големи „Не!“.

Не за Грција, не за НАТО, не за ЕУ. Па да видите како ќе почнат да доаѓаат дипломати, да не убедуваат, да се додворуваат. Не можеме да ја почувствуваме важноста на моментот и геостратешкото значење на Македонија во моментов. И Европа и НАТО не сака да остави ниту едно делче на Балканот комплетно незатворено. Колку ние имаме интерес да бидеме дел од нив, толку тие имаат интерес и ние да бидеме со нив.

Затоа треба да се удри контра, и да се бараат и други алтернативи. Човек без алтернатива, тоа значи дека е доведен на работ на амбисот. Само будали политичари не оставаат алтернатива.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This