КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Ороспилук

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва МОС пред Собранието на Република Македонија го запалија европското знаме. Не им се мешам во палењето но сметам дека за небитнините што ја снајдоа Македонија не ни е виновна Европската Унија. Ние немаме проблем со никој друг, освен со Зоран Заев. Тој е проблемот во нашата земја. Нема логика да се пали Европското знаме, а целиот овој инженеринг за носење на струмичанецот и неговата свита на власт е од НАТО. За да влеземе во НАТО не мачеа две години, измислуваа „бомби“, формираа и специјално обвинителство, купуваа гласови на избори, местеа избори, лажеа дека избирачкиот список не бил чист, те медиумите не биле слободни и останати „демократски“ булшитови.

Та, нели за да се влезе во НАТО треба да се исполнат демократски стандарди:

– Државата да е правна
– Судството да е независно
– Медиумите независни
– Развиен невладин сектор,
и во земјата да се доаѓа на власт на фер и демократски избори.

Македонија е денеска помалку правна од било кога, судот е позависен и од најзависните времиња, медиумите се понеслободни и од времето на комунизмот, а невладиниот сектор стана целосно владин. Ќе ги заборавев изборите. Изборите во октомври не беа ниту фер, ниту демократски. Не знам само зошто пред некој ден опозицијата отиде во Парламент да го слуша Столтенберг. Оние 36 маченици лежат во Шутка за тоа пусто НАТО. Наместо опозицијата да го бојкотира неговото излагање, и кога ќе се врати во Брисел да каже дека во Македонија не е добра работата. Тој си го испофали Заев, реформската влада, планот 3-6-9 и уште на тоа моронската опозиција му даде и аплауз. Без тронка срам и перде ни кажува дека на 27-ми април земјата ни била пред амбис, а денес сме биле просперитетна земја.

Па до ивицата на амбисот не дотераа тие. Токму тие. Со нивниот инженеринг, и нивниот притисок. Не ми е јасно како опозицијата не разбира дека за да го мобилизира народот мора да покаже цврстина, а не кооперативност. Кооперативност беше можна доколку опозицијата беше поразена на фер и демократски избори, и ако немаше политички притвори. Затоа, сметам дека резервираноста на граѓаните во дадениот временски период е апсолутно оправдана.

Народот не сака ороспилук.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This