April 20, 2024, 11:45 am

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Пари има, резултати нема!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва се играше финале за освојување на купот на Македонија во кошарка. Очекувано МЗТ го победи Работинички. Не знам како сега градоначалникот на општина Цетар Саша Богдановиќ предвидените 800.000 буџет за Работнички и тоа само за учество во Македонската лига.


Првата Македонска кошаркарска лига, се чини, никогаш не била послаба. Во тешка состојба е „Кожув“, „Фени“ па и „Куманово“, „Струмица“, „Карпош Соколи“. По се изгледа дека само „МЗТ“, „Блокотехна“ и „Работнички“ имаат сигурно финансирање, сите останати клубови се со потешкотии. Веројатно целта беше да се уништи „Карпош Соколи“ за да конечно „МЗТ“ игра во барем една финале. Значи, не се очекува од „Работнички“ да победи во финалето, туку барем да игра.

Во изминативе неколку години, клубот на романтичарите стигаше само до полуфинале, а во шампионатот максимум до трето место. Претходните години во купот во финалето играа „Карпош Соколи“ и „МЗТ“. Соколите го освоија купот за прв пат во својата историја. Во 2016-та во финалето беа „Кожув“ и „МЗТ“. Доколку „Карпош Соколи“ не го доживееше атакот од новото општинско раководство и целосно не беше запрено финансирањето ова финале повторно ќе беше двобој помеѓу Соколите и „МЗТ“. Да потсетам, на почетокот на првенството додека „Карпош Соколи“ имаше нормално финансирање „МЗТ“ на првата средба убедливо загуби од Соколите. Дури и на полувремиња губеа со 20 поени разлика. Што значи дека „Карпош Соколи“ и оваа година ќе беше освојувач на куппот.

Што се однесвуа до големиот тренер Марин Докузовски, последниве три години, неговиот резултат во порази во однос на „Карпош Соколи“ е 11-1. Посебно му беше миленик на Синиша Матиќ кој од четири средби, сите четири го победи и тоа сите над 20 поени разлика. Точно е дека и „МЗТ“ оваа година не игра добро, и можеби, најлошо во овие 5-6 години. Но така е, кога нема конкуренција. Конкуренцијата е фактор број еден за квалитет и резултат. Но, „МЗТ“ поажа дека стои многу постабилно во однос на „Работнички“. Очигледно кризата кај „најтрофејниот“ клуб е длабинска. Финансии речиси секогаш имале доволно, ама, последниве години посебно е вмешана политиката и разни структури кои цицаат од истиот буџет, па затоа со 800.000 евра нема да можат да го освојат куптот на Македонија. Единствена шанса на „Работнички“ веројатно му е, и на „МЗТ“ да му го прекинат финансирањето како и на соколите. Тогаш сигурно ќе бидат шампиони.

А, Српче Богдановиќ ќе има образ да ги правда потрошените 800.000 евра пред советниците и јавноста.

П.С. Инаку комуњарите мислат дека „Карпош Соколи“ е мој клуб. Да им појаснам, јас пред 2009-та година, односно пред да станам градоначалник не сум знаел дека постои таков клуб. Клубот го финансирал и поддржувал мојот претходник Андреј Петров. Јас само „миразот“ од претходниот СДСМ-овски градоначалник го надградив, проширив и афирмирав дури и надвор од Македонија. А тие, својот мираз го уништија. Уништија свое, а не мое.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This