КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Политичка берза!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од што ли само се умори новиот премиер? Веројатно од работа не – од реформи уште помалку. Очигледно тој е изморен играјќи на берза на продажби и купување на пратеници(прелетачи). Тој толку се измори што за Нова година се одмараше во Грција, а сега ќе одмара во Италија. Веројатно на скијање.

Колку и да се труди да поткупува, да потплаќа, да уценува, да им се заканува на пратениците тоа не е доволно за стабилна влада. Прелетачи имало и ќе има. Како и секоја акција на берзата, и прелетачите си имаат своја цена – повисока и пониска. Некој се продава за пари, некој за отплата на кредит. На трет му ги ставиле тестисите на менгеме, четврт му го притвориле детето, на петтиот му се заканиле со кривична. Арно ама, за двотретинско мнозинство, поточно 82 пратеници му треба уште многу. Бајаѓи ќе се изнамачи, бајаѓи ќе се изнатргува. За жал, енергијата ќе ја истроши на берзата на пратеници.

Нешто Радмила Шеќеринска не ја слушам, не ја гледам како министер за одбрана да крека наоколу за решавање на спорот за името. Па и Димитров е нешто во дефанзива. Очигледно го оставиле Заев сам да го докусури Македонскиот идентитет, име и јазик. Во Атина отиде министерот за евроинтеграции. Каква ли врска има тој со нашите билатерални односи со Грција? Не е ли порзително тој како Албанец да тргува со Македонското име? Очигледно Заев и Османи се единствените кои што ја туркаат оваа работа, а Грците си велат – ваква шанса и вакви егземплари повеќе нема да ни стојат на располагање. Но, Коѕијас изјави дека сепак името најмногу ќе зависи од Македонија затоа што на нас „ни горело под нозе“.

Што бре тоа ни гори?
Млекото, тенџерето, манџата? Каде тоа ние брзаме?

Што се однесува до мене ние не треба да брзаме никаде. На кој му се брза, среќен му пат. На Американците им се брза за што побрзо го затворат безбедносниот прстен околу Србија и со тоа да го зголемат притисокот врз неа со цел оттргнување од Русија. Но, зошто ние да им правиме услуга на Американците. Па нели, тие што си сакаат сами се земаат? Ако им требаме во НАТО тогаш треба да влеземе исправени, без извиткана кичма и под Уставното име. Ако не им требаме, има и други опции.

Го видовте ли Владимир Владимирович Путин?
Им тресна на маса нов закон, со кој што дава 50% попуст на гас, метан и нафта на сите земји членки и придружнички на ЕУ кои ќе се изјаснат дека сакаат да бидат членки на Евроазиската унија. За разлика од Американците кои само солат памет, и пари трошат на „демократија“ и на нивни консултанти, бате Путин игра конкретно. По овој основ Бугарите годишно би инкасирале 3.7 милијарди евра. Тоа не е само 3.7 милијарди, тоа е многу повеќе, затоа што гасот, нафтата и метанот како погонско и транспортно гориво во голема мера влегува во цената на производите. Со тоа нивните производи и услуги стануваат поефтини и поконкурентни на Европскиот и светскиот пазар, а тоа значи поголема продажба, поголем профит и освојување на нови пазари. Со ова се стабилизираат нивните економии, расте БДП-то, се зголемуваат и сите фактори на вработеност, се зголемува и продажбата во Евроазиската унија.

Америка со политика, „демократија“, штитови, ракети и останати булшитови, а Русија конкретно. По џебот.

Не е само ова. Ќе има и нови стимулативни мерки за оние кои ќе се приклучуваат кон Евроазиската унија. Замислете кога ќе направи есап гигантската црна и обоена металургија на Германија, на Франција и на другите европски земји. Ракетите не се јадат. На никого не му е од корист војувањето и ширењето на Студената војна. На премиерите им треба раст на економијата, отворање на нови работни места и раст на животниот стандард, а не набавки на оружје.

Затоа, да почекаме. Да не брзаме. Ќе пројде овој самит, ќе дојде и друг. Што ако влеземе во НАТО, кога во ЕУ ќе не примат евентуално во 2030. До тогаш има време. Како тргнало, Вишеградската група сериозно и се спротивставува на Европската Унија и по се изгледа Германија и тие што ги поддржуваа приемот на бегалци ќе си останат осамени со своите погрешни политики.

Ниту име, ниту идентитет, ниту црква, ниту јазик треба да дадеме. Треба само да се мобилизираме и да им се спротивставиме на Македонските берзански играчи.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This