КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Руски канцер во американска метастаза!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На прашањето зошто САД се мешале во внатрешните работи на Р.Македонија, неговиот одговор е – за да се спречи се поголемото Руско влијание во земјата.

stevco_naslovna

Нормално, бидејќи тоа го кажал „големиот“ Американец ние сите треба да молчиме.
Со што бе г-дин Брус Ли се вмеша Русија во внатрешните работи на Македонија?

– Со тоа што во изминативе две и кусур години даде две-три соопштенија?

Дека го измачивте народов, измисливте ваша вообичаена приказна за наводен криминал, неслободни медиуми, немање на демократија, нефункционалност на институциите и останати „булшитови“.

2. Истиот тој вели дека превземале мерки за да не се раширел „Рускиот канцер“ на Балканот.
Внимавајте добро „Рускиот канцер“!!!

– Како што мислат за Русите дека се канцер истото го мислат и за нас Македонците, бидејќи сме Православен народ и сѐ прават за да ја изгубиме оваа држава и да се дораселиме по белиот свет, а нивното решение на крајот ќе биде – еден „православен канцер“ помалку.

3. Тој си Брус Ли, му се закани на претседателот на државата дека доколку не го даде мандатот тие ќе сметаат сме против Америка, и дека на тој начин ги загрозуваме нивните интереси.

– Замислете си ситуација во која што наместо наведната глава од Претседателот, да излезеше јавно и да ги запраша САД со што Македонија ги загрози Американските интереси?
– Дали Македонија произведе хидрогенска бомба?
– Дали Македонија има нуклеарни боеви глави, па секојдневно прав нуклеарни проби како момчето од Северна Кореја шишано со тенџере на главата?
– Дали Македонија е гнездо на терористи, како што тоа беше Либија и Ирак?
– Дали Македонија има извршено некаков терористички напад?
– Или пак нејзиното раководство било каков потег има направено што би дало сигнал дека земјата ја врти кон Исток, а не кон Запад?

Јавно да им се каже дека Македонија е пријател на САД и во нив гледа стратешки партнер и е целосно посветена на евроатлантскиот пат. И дека напротив поедини функционери на американската администрација работат на дестабилизација на земјата.

Во исто време, претседателот на државата да ги декласифицира сите информации кои ги има за тоа што нивните дипломати и други поединци работеле во изминативе две ипол години за соборување на легтимно избраната власт во Македонија.

Да не се правиме будали!

Нашите разузнавачки служби ги имаат сите информации за тоа кој што работел. А, цело време раководството се надева дека сепак Америка ќе ни се насмевне и смилува.

Е, во таков еден дипломатски скандал денес Хојт Ји ќе играше „пиперевка“ во Конгресот и немаше да дава рутинирани и излитени одговори.

4. Демократија е кога на легитимни и од светот признаени избори победникот ќе формира влада. А измама е, ако со уцена или на друг начин владата ја формира оној што ги загубил изборите.
Би било добро да ми наброи некој, каде и во која земја во светот оној што ги добил изборите не формирал влада, туку тие што изгубиле ја формирале владата и потоа во земјата немало тензии, немало политички превирања, и немало криза.

5. Да се разбереме, Зоран Заев не е мандатар затоа што победил на избори, туку е мандатар на Хојт Ји.

Не можеме да го поддржиме него и неговата влада, затоа што има сериозен морален некредибилитет. За истиот тој се водат десетина судски постапки, некои поддржани со ПИМ мерки, за некои веќе е завршена истрагата, а за некои се водат предистражни постапки во во вишото Обвинителство и одделот за организиран криминал.
Но, на странците, на тие што го поставуваат не им треба човек со чист морален лик.
За Груевски им требаше седум години за да му најдат нешто за што ќе се фатат за да го соборат од власт. А овој, сегашниот мандатар ќе служи толку колку што нив им треба и кога за тоа нема да имаат потреба, доколку не слуша, ќе му ги активираат веќе постоечките предмети.

Впрочем, тој и од мене побара 250.000 евра. И замислете, неговите другарчиња постојано ми се закануваат дека тие ќе ме апселе.

Абе не јас од него, тој од мене ги бараше парите.

Многу се лажат сите тие, дека ми се стресоа колениците што ќе дошле на власт, дека ќе молчиме и дека со нивните закани ќе не замолчат за да на „мечката повеќе не и кажуваме дека црн и е задникот“, оти со тоа многу ќе се налутела и ќе се разбеснела!

А, не да и е црн! Туку црн, гламња!

Затоа и ми се допаѓа изјавата на германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, која вели „Што повеќе непријатели, поголема чест за мене“.

И јас истото го велам, што повеќе докажани криминалци и платеници на странски служби како мои непријатели, поголема чест за мене.

 

П.С. 
Уште нешто за Хојт Ји.

Се прашувам, постои ли сериозна земја во светот, а особено светска супер сила во која помошникот државен секретар кажува едно, а претседателот и државниот секретар сосема друго.
Вчера, Хојт Ји Русија ја нарекува канцер, а завчера МНР на Русија Сергеј Лавров  разменуваше државни тајни со Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон и претседателот Доналд Трамп.

Дали се ова функционери на една иста администрација?

И каква тоа навреда изрекува за земја членка на Советот за Безбедност при ОН…

Не можам да си простам што ја наведнавме главата, наместо да му дадеме по капата на Хојт Ји и денес да беше завршено со неговата политичка кариера!

24 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This