March 29, 2024, 11:56 am

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Советникот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва, мои пријатели ми пренесоа дека во емисија господинот Сашо Ордановски ме советува да сум обезбедел правен тим затоа што ќе сум имал многу кривични пријави. На господинот Ордановски и на нему сличните сакам да им го кажам следново:

1. Кривичните пријави и затворот ги слушам веќе четири ипол години. Слугите на СДСМ сместени во невладините организации, кривичните пријави ги нарачуваат како да се во кафеана. По принципот „ај почастете ја онаа џукела на соседната маса со кривична пријава“! Дур бе, мангупи! Така се добивале кривични пријави.

2. Во мојата работна кариера и со моите 57 години имам ставено потпис на преку 870 милиони евра. Досега немам добиено ниту една прекршочна пријава, а камо ли кривична пријава. А, контроли, контроли, контроли ми поминале преку главата колку сакаш. Секогаш сум работел согласно законските прописи.

3. За неупатените како Сашо Ордановски да им појаснам, дека на секој изработен предмет стои и кој го изработил, кој го проверил, па кој го одобрил, па на крајот пишува „градоначалникот“. Значи, има правна процедура како се доаѓа до секој потпис. И да сакаш, не можеш да згрешиш оти системот не ти дозволува. Ако си клептоман како другарите на Ордановски, тогаш е сосема друго прашањето, е тогаш можеш да не почитуваш правна процедура и да правиш глупости.

4. Како овие душегрижници ниту еднаш јавно не ме повикаа или не се запрашаа: Точно ли е тоа дека премиерот Заев ми барал 200.000 евра, и за тоа како да ги распоредам парите ми дал ливче. Чудно е, како не им се слуша за поткупите што ги бараше нивниот патрон.

5. Јас и во моментов имам редовна ревизија и ништо страшно. Луѓето си ја работат работата. За мене важи правилото „ти си должен да бидеш исправен и да работиш по закон, а државата има право да те контролира кога сака.“ Ова го мислам и за приватниот и за јавниот сектор, и за невладините организации. Може ли да одговори господинот Ордановски, зошто невладините организации скокаа како опожарени кога им влезе УЈП па држеа пресови, кукаа на сите страни, ако сметките им биле чисти и работеле по закон? Да повторам, секој е должен да работи по закон, а државата има право да го контролира кога сака и колку сака. И за тоа нема кукање, нема пресови.

6. На сите оние што ми се закануваа со затвори и ревизии уште пред три месеци им дадов предлог тие да прават ревизија во Карпош, а јас во Струмица. Тие нека викнат 10 ревизори, а јас сам ќе ги проверам китапите на Струмица и за еден месец да се најдеме во Обвинителство. Па да видиме чии папки ќе бидат поголеми. Очигледно, предлогот не им се бендиса или Ордановски за истиот не слушнал.
Би го замолил господинот Ордановски да провери во Основното јавно обвинителство колку предмети со јавни набавки има за општина Струмица. Пардон, колку десетици предмети.

7. Веројатно советот на Ордановски кон мене бил добронамерен, но јас од луѓе како него не примам совети. Нека му ги дава на друг.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This