КОЛУМНА НА СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ: Македонското политичко самоуништување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали некој се запрашал зошто Александар Македонски заминал да го освојува Истокот наместо да го завземе европскиот континент. Притоа, на Исток мораше да се соочи со светската Персиска империја, да вложи многу повеќе напори и жртви,отколку на Запад каде што имаше слаби државички и племиња. Но, целта на македонскиот владетел не била територијална, туку цивилизациска. Не сакал да управува со дивјаци, туку барал реализација на македонскиот космополитизам. А космополитизмот од антиката до денес е на Исток, а не во Европа. Цивилизацијата исто така – не технолошката, туку духовната, културната. Александар знаел дека македонската цивилизациска синтеза нема место во Европа. Го знаел од примерот со етноцентристите хелени и римјани. Затоа, иако македонската империја формално траела десетина години, нејзиното влијание се шири низ целиот Исток неколку векови по Александар. ТОА Е ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЗМОТ КАКО ЦИВИЗАЦИСКА И ДУХОВНА СТРАТЕГИЈА, ИДЕАЛ НА ЧОВЕШТВОТО.

Неслучајно најголем непријател на Македонците била Римската етноцентристичка (националистичка) империја, со која хелените прават конкубинат и се трансформираат во „ромеи“. Неслучајно против Македонците во средниот век е бугарската држава, а подоцна и Србија. Позната е поговорката „Краставите кучиња оддалеко се намирисуваат“. МАКЕДОНИЗМОТ ИМ ПРЕЧИ НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ СОСЕДИ, КАКО И НА ОСТАНАТИТЕ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА, ЗАТОА ШТО Е СПРОТИВЕН НА НИВНИОТ НАЦИОНАЛИЗАМ.Но, во империи како Источната Римска империја (Византија) и Османлиската империја, кои се создадени на космополитски принцип, Македонците ги сочувале своето име (идентитет), јазик и традиции. Во Византија имало две македонски династии кои биле најуспешни во целата илјадагодишна историја на таа империја.

На македонските соседи секогаш им пречело признавањето од римскиот папа Николо Први во 859 година: „Римската курија за вистински цркви ги смета оние што беа основани од апостоли, како што се – македонската, римската, антиохиската и александриската црква. И покрај тоа што црковните големодостојници на цариградската и ерусалимската црква се нарекуваат патриарси, сепак, тие немаат такво значење, бидејќи не се уредени од апостоли „Латински извори за бугарската историја“, (т.2,БАН,Софија 1960,стр.109,110,172). Папата ја поставил македонската црква пред римската, затоа што преку апостол Павле, Македонија станува првата христијанска земја во Европа. Ете зошто, во старите руски ракописи пишува дека „руската кнегиња Олга и нејзиниот внук кнезот Владимир, биле покрстени во Охрид, таа во 955, а тој во 987 година“. Затоа и во рускиот летопис „Повест временних лет“ од XI век, монахот Нестор од киевско-печерскиот манастир пишува дека светите браќа Кирил и Методиј и Константин, кога биле кај Хазарите, покрај Евангелието, го превеле уште и Апостолот, Октоихот, Псалтирот и други службени книги за Словените од овие простори. ТАКА ШТО ИЗЈАВАТА НА РУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПУТИН ДЕКА СЛОВЕНСКАТА АЗБУКА РУСИТЕ ЈА ПРИМИЛЕ „ОД МАКЕДОНСКИТЕ ЗЕМЈИ“ Е ТОЧНА.

ЗА ЖАЛ, МАКЕДОНСКИТЕ ДУХОВНИ И СВЕТOВНИ ЛИДЕРИ ОД XVIII ВЕК ДО ДЕНЕС ПРОКОЦКАЛЕ БРОЈНИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО СЛАВНО МИНАТО:

Прво, наместо да ги продолжат традиционалните врски со Русија им дозволија на Србите, а потоа и на Бугарите да остварат такви комуникации со Русите, на штета на Македонците. Во времето кога Русија бараше создавање на голема словенска нација преку која ќе стигне до Цариград, македонските старешини се занесуваа по Австрија. Независно од горчливиот урок со Карпошовото востание од 1789 година и целосното уништување на 50-илјадното Скопје од австрискиот генерал Пиколомини. Оваа забеганост кон Западот ги натера Русите да создадат „бугарска нација“ и да ги трансформираат Македонците во „Бугари“, да создадат бугарско кнежество преку руско-турската војна од 1877-1878 година и да формулираат „Санстефанска Бугарија“.

Второ, измамени од Европа, Македонците ја нарекоа „Блудница вавилонска“ но, не се отргнаа од неа. Кога кон крајот на 19 век Русија се разочара од бугарите и сакаше да прифати автономна Македонија со македонски идентитет и дух (како што пишуваа руските конзули), лидери на македонската организација како Сарафов бараа помош од Западот, а други клечеа во Софија и се идентификуваа како Бугари. И само македонското другарство во Петербург со Мисирков и Чуповски имаше исправен став кон Русија. Тогаш Русија повторно не казни и даде дозвола на македонските соседи да ја распарчат Македонија.

Трето, во времето на Втората светска војна Македонија доби своја држава, затоа што главна улога во антифашистичката борба имаше Тито и српските комунисти, кои беа на страната на Советскиот сојуз. Инаку и тогаш некои македонски функционери одеа со фашистичка Бугарија, а по 1944 година се сетија да бараат „самостојна Македонија“ под контрола на САД или Велика Британија. Иако тие не признаваа македонска нација, а уште помалку самостојна Македонија.

Четврто, по осамостојувањето во 1991 година македонските партии се изјаснија прозападно и за влез во НАТО и ЕУ. Независно од фактот дека некои од нив не само што не го признаваат македонското име (идентитет), туку и преку Голема Албанија сакаат да ја избришат македонската држава. Затоа агонијата на македонскиот народ ЗА КОЈА ГЛАВНАТА ВИНА ЈА ИМААТ МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ БЛИЖИ КОН ДЕФИНИТИВЕН КРАЈ.

ЗАКЛУЧОК:

ВО ПОСЛЕДНИВЕ НЕКОЛКУ ВЕКОВИ ПОКРАЈ ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ МАКЕДОНСКИ НЕПРИЈАТЕЛИ, ТУКА СЕ И МАКЕДОНСКИТЕ ЛИДЕРИ И ПОЛИТИЧАРИ КОИ ПРАКТИЧНО РАБОТАТ ЗА УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. ТИЕ СЕ ГЕНОМОДИФИЦИРАНИ И ПОДДРЖАНИ ОД ЗАПАДОТ, ЗАТОА И НЕ БАРААТ СПАС ОД РУСИЈА.

ТАКА, ДЕНЕС НА СТРАНА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е САМО ГОСПОД.

17 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This