КОЛУМНА НА ТАЊА КАРАКАМИШЕВА – СТОЈАНОВСКА: Нема да ви простиме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предаторската влада на СДС започна со распродажбата на Република Македонија.

Денес, 1-ви август, на само ден пред најсветиот празник на Македонците, 2-ри Август, црпнатиотстави потпис на Договорот (останатиот дел од насловот не заслужува да биде споменат бидејќи е тешка измама и лага) со кој ќе се стави крај на автохтоната, на нашата Македонска историја и идентитет. Под паролата дека Договорот се потпишува за побрз влез во НАТО и во ЕУ велепредавниците заборавија да споменат една многу важна работа, а тоа е дека овој Договор е антиевропски и дека истиот се коси со сите заеднички европски вредности врз кои почивала и денес почива ЕУ.

Зарем Заев, Димитров и Шеќеринска навистина заборавија дека европскиот идентитет не е ништо друго, ниту нешто помалку од збир на националните идентитети на земјите-членки на ЕУ, и дека секоја земја-членка и покрај прифаќањето на европскиот идентитет со членството во Унијата и натаму мошне внимателно и сериозно си ги чува и негува елементите на својот национален идентитет, елементите што го праватсекој народ свој и различен од другите што живеат во останатите земји-членки. Ниту една земја-членка на ЕУ го нема распродадено својот национален идентитет за да влезе во ЕУ. Таква приказна не постои. Напротив.

Секоја земја-членка на Унијата се трудисо должна почит кон своите национални посебностиистите да ги зачува, да ги негува и да ги развива што е можно повеќе со цел преку нивната посебност да изврши влијание врз моделирањето на новата содржина на европскиот идентитет колку што е можно повеќе. Во тоа и се состои смислата и убавината на европската интеграција. Во тоа и лежи убавината на европското заедништво. Преку взаемнотопочитување на различностите што не прават единствени, асепак свои,се негуваат цивилизациските придобивки да се биде вистински и голем европјанин. Токму оваа вредност на негување на различностите во заедничките европски политики го задржала толку деценииконцептот на европскиот проект се уште жив и се уште актуелен и привлечен.

Но, поентата на заедништвото не е во негирањето и уништувањето на националните истории и вредностите на европските народи, туку во големината на народите да бидат прифатени такви какви што вистински се, такви какви што од секогаш биле и се трудат вечно да останат. Европскиот идентитет како колективен идентитет на многу народи никогаш не инсистирал, ниту барал промена на личните карти на народите пред нивното влегување и зачленување во европското семејство. Напротив.

Европскиот идентитет бара освестени народи, народи кои се самопочитуваат и кои имаат достоинство гласно и јасно да кажат кои се, што се, и што сакаат од ЕУ.Народи кои без разлика на се, без разлика кој соседен или друг народ мисли за него, и за неговата историја останува свој бедем, останува цврст и решителен да ги зачува своите вредности и да ги вгради во европскиот мозаик своите вредности што заслужуваат европска почит.

Националниот идентитет никогаш не смее да биде предмет на негирање и игнорирање од која било страна при неговото вградување во европскиот идентитет, затоа што токму европскиот идентитет е широко отворен простор во кој се прифаќаат сите национални разлики, сите специфичности, сите обележја на одделните народи.

Што ќе и е на ЕУ идентитет што дава забрани, што создава ограничувања,што прави препреки? Дали ЕУ смета дека со бугарското негирање на македонскиот идентитет навистина ќе биде поквалитетна, а нејзиниот идентитет побогат?

Што ќеи е на Унијата европски идентитет кој преку толерирањето на бугарските рампи не дозволува влез на Македонски елементи во неговата содржина? Дали европското семејство навистина знае да ги чува сопствените вредности ако гледаме колку е немоќно да спречи класично негирање на Македонци од страна на свој член? Дали Унијата навистина се бори за посебностите на секој член без разлика дали станува збор за земја-членка или земја-кандидатка за членство во ЕУ?

Која е целта на европската интеграција ако таа, пред се, е наменета да дезинтегрира и да дезавуира посебности на еден народ? Која е смислата на народното заедништво во некаква повисока европска форма ако тоа заедништво од стартпоништува, стигматизира, негира народ што бара членство?

Ако европскиот идентитет е збир наразличности што сите нас треба да не направат посилни и поединствени токму поради разликите што ги имаме, а не поради вештачкото вкалапување на еден во друг народ, тогаш нашиве политички предатори имаат навистина сериозен проблем со разбирањето на ЕУ. На европскиот идентитет и на Унијата не сме им потребни како немакедонци, како претопена, безлична, аморфна маса на индивидуи согласна да биде фрлена во прегратките на бугарскиот народ без никаква разумна и оправдана причина. На европскиот идентитет и на ЕУ сме им потребни со сета своја историска и идентитетска убавина, со сето достоинство и гордост дека припаѓаме на Македонскиот народ, дека зборуваме свој, посебен од сите други јазици, македонски јазик, дека имаме своја и само своја Македонска историја, дека имаме Македонски херои што оставиле силен печат во креирањето на европската историја иколективен идентитет, дека имаме свои традиционални вредности што не прават исправени и горди Македонци.

Договорот што денес го шарнаа двајца минливи и менливи политичари никогаш нема да биде прифатен од насМакедонците.

А вам Заев, Димитров, Шеќеринска и сите останати колабористи нека ви служат на чест лагите и манипулациите што ги истуривте врз нас за да го оправдате овој велепредавнички договор.

Вам и на сите останати замешатели и гробари на Македонскиот народ никогаш нема да ви биде простено!

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This