КОЛУМНА НА ТОНИ НАУНОВСКИ: Бизнис и политика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сеуште е актуелна дебатата за местото и улогата односно одговорноста на големите фабрики и компании за време на фашистичкиот режим во Германија. Како што е познато, воената, економската, пропагандната сила на фашистичкиот режим произлегувала од дејството на производите на тие големи компании, од кои повеќето и денес работат ширум светот. На пример, познато е дека најефикасниот противтенковски топ на хитлеровата армија бил од Круп, и токму заради неговите високи технички перформанси „Пустинската лисица“ Ромел долго време, се до Ел-аламејн, успевал да победува во тенковските и артилериски битки во северна Африка. Моралната не-одговорност заради следењето на стриктно економска логика без никакви морални вертикали на сите тие индиректни помагачи на фашистички режим остава историска црна дамка во нивниот бренд.

Така и денес, сега и овде, во Македонија, среде најжестоката и последна битка за колективен опстанок на Македонскиот народ и држава. Иако ние Македонците за жал веќе сме навикнати да живееме со тотално ирационални случувања скоро триесет години, шокиран бев кога сношти, случајно, забележав дури три посебни реклами на еден режимски портал од компанија која е сопственик на сите три бренда (минерална вода и сокови), а сопственик, менаџер, главен акционер, директор или сл., сеедно, на таа компанија, барем според јавните информации, е новиот Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Се разбира, сите знаеме дека рекламирањето е ефективно за зголемување на побарувачката за производите односно профитот на една компанија, меѓутоа следењето на стриктно бизнис-логиката, барем во овој случај, се покажува како мошне проблематично од повеќе аспекти. Уште повеќе што на тој портал, речиси секоја содржина, наслов, вест, е со жестоки, отворени и неаргументирани критики кон ВМРО-ДПМНЕ и со многу несоодветен речник кој најчесто е практично говор на омраза, навреди, дискредитирања на лична основа, дискриминација врз основа на политичка припадност, итн. – таму и јас бев нарекуван „режимско куче“. Симплифицирано кажано, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ со рекламирање на таков сајт ги зголемува финансиските можности за понатамошна непринципиелна критика на партијата на која самиот тој е Потпретседател. Или, уште попросто кажано, метафорично, ти го плаќаш за да те тепа. Или, ти го поиш со сокови и минерална вод за да те дотепа.

Рационалниот одговор за оваа бизнис-политичка одлука содржи неколку проблемски прашања. Прво, важно бизнис прашање е дали таквото рекламирање, на тој и слични интернет портали и сајтови кои делуваат според ждановистичко-гебелсовски пропагандни правила против политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои денес генерално се упатени кон заштита на Македонските национални и државни интереси не е всушност негативна реклама, односно антиреклама. Јас, на пример, од денес повеќе нема да пијам таква минерална вода, и ете го негативниот пазарен ефект од одлуката за рекламирање што мултиплицирано ќе доведе до последователно намалување на бројот на консументи на тие производи. Второ, потенцијалниот потрошувачки пазар со рекламирање на такви сајтови, портали и слично имплицира дека стриктно-бизнис логиката на директорот, сопственикот и сл., а не општествено-политичката одговорност е доминантна во делувањето, несовмесно со толку висока партиска функција, во специфично историско време за Македонскиот народ и држава. Понатаму, какви се можните демотивирачки имплицитни пораки и следствено нивни плаузибилни лични интерпретации, кои им се праќаат на поддржувачите и членовите на таа партија, кога нивниот Потпретседател ги рекламира своите производи односно на компанијата каде е сопственик, директор, мнозински акционер или сл., на портали и веб сајтови каде директно се навредуваат истите тие, и каде што имаше повици да се бојкотираат производи од компании кои тогаш беа во сопственост на бизнисмени означени како блиски до тогашната власт. Со други зборои, тој портал повикуваше, помнам, да не се купуваат производите, индиректно веројатно токму оние производи кои сега се рекламираат на истиот тој портал, сајт, ако не се рекламирале и тогаш, којзнае. Има уште многу дилеми и прашања во врска со суверената одлука на приватниот бизнисмен, која не сум сигурен дека ќе му донесе финансиски бенефит (основната цел на рекламирањето), а мислам дека е лоша одлука како висок партиски функционер. Но, сигурно останува фактот дека е проблематично, посебно од морален аспект, да се финансираат, макар и индиректно преку реклами, медиуми кои го поддржуваат режимот, сега и овде, во Македонија..

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This