March 29, 2024, 11:55 am

КОМАНДАНТ МАЛИШЕВА ДО ЗАЕВ: Или исполни го ветувањето, или тешко дека ќе има живот…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мухамед Красниќи, познат како командант Малишева, кој се наоѓа во скопскиот затвор, напишал на фејсбук за неговата состојба и неговиот револт по објавувањето на драконските казни. Еве што порачува:

“Почитувани пријатели добровечер на сите, без разлика на која партија или вера припаѓате. Сега правиме 31 месец во протвор.
Во текот на ова време сум видел се, силни и лоши мажи, сум го видел она што вие не сте го виделе и дојдов до еден заклучок дека луѓе постабилни кои цврсто стојат во затворите како нас албанците нема!!! Го велам ова бидејќи сум видел македонци, роми, бошњаци, срби и бугари но сите плачат како деца искарани, затоа со уверување кажувам дека како нашиот народ нема! Тоа се вистински мажи кои стојат цврсто.
Но уште колку време ќе страдаат албанците?
Ако денес Груевски замина утре може повторно да дојде некој.
Иако оваа влада со Заев променува некои работи најпрво за доброто на својот народ а потоа и за другите, зошто ако не се занимаваше со реформи оваа држава немаше да постои.
Сега останува да се види дали ќе ги истера до крај своите дадени ветувања, ако не.
Тогаш тешко дека ќе има соживот тука во оваа кревка држава.“, напиша Красниќи, пренесува порталот на албански јазик ИНА.

 

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This