Во интервју за програмата ,,Поглед“ на телевизија Еј-Би-СИ њуз“ членката на американскиот Претставнички дом на САД демократката Максин Вотерс го помеша американскиот потпретседател мајк Пенс со Владимир Путин.
Водителката Џој Бехар, ја праша Вотерс: Дали Пенс ќе биде подобар претседател од Трамп?
Вотерс одговори: ,,Кога ќе завршиме со Трамп, ќе одиме и на Путин?. Путин или Пенс?, прецизира водителката. Пенс, ја исправи грешката конгресменката.
– Ајде да убиеме две муви со еден удар: Путин и Трамп, а потоа ќе се занимаваме со Пенс- рече водителката, обидувајќи се да ја измазне непријатната ситуацијата.
Весникот наведува дека ова не е првпат Вотерс да ги меша фактите. На прес конференција во Февруари та има изјавено дека додека Трамп,,му виси на вратот на Путин, Путин се посериозно и поодлучно ја освојува Кореја“.