April 19, 2024, 11:30 pm

КОСОВО ГИ РАСИПА ЕВРОПСКИТЕ ЧАСОВНИЦИ: Часовниците во Европа доцнат поради Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе неколку недели, дигиталните часовници во Европа доцнат. Неочекуваниот извор на проблемот се Косово и Србија, чии оператори на електричната мрежа не можат да се договорат.

Радио часовниците и тајмерите на микробранови и рерните во последниве неколку недели во Европа доцнат. Причината е проблемот во координацијата помеѓу операторите на електричните мрежи на Косово и Србија.

Од средината на јануари енергетските компании во Косово и Србија не можат да ги балансираат своите електрични. Според мрежните кодови на Европската мрежа на оператори за пренос на електрична енергија (ЕНТСО-Е), тие се обврзани да одржуваат средна фреквенција од 50 херци (осцилации во секунда) и да си помогнат меѓусебно ако е потребно.

Но, во реалноста, просечната фреквенција беше помала во поголемиот дел од новата година. Причината е фактот што операторите не разговараа едни со други. Ова резултираше со дефицити на моќта во поголемата регионална контролна област Србија, Македонија и Црна Гора, исто така позната како ” SSM Блок “.

Сè на сè, отстапувањата на фреквенцијата изнесува 113 гигават часови (GWh) во изгубената енергија. Тоа е приближно дневното производство електрана со поголем обем која работи со кафеав јаглен .

Постојат 36 земји членки во ЕНТСО-Е со меѓусебно поврзани мрежи, од Шпанија до Норвешка и од Турција до Британските острови. Неодамнешните намалувања на фреквенциите погодија 25 од земјите-членки.

Ова резултираше со ситуација во која часовниците, кои се зависни од електричната мрежа, како што се радио часовниците или радија што се вградени во домашните апарати, како што се печки или стерео системи, доцнат . Од појавата на проблемот во јануари часовниците доцнат околу шест минути.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This