КОСОВО И МАКЕДОНИЈА ДО ГОЛЕМА АЛБАНИЈА: Предупредување од конечна поделба на Македонија и спојување со Косово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелната криза во Македонија подметната од странство, со цел земјата да се федерализира и дел да се отцепи кон Албанија, што воедно претставува и финален чекор кон формирање на „Голема Албанија“, е заклучок од емисијата „Светот со Сптуник“

uck_kosovo_proslava

Кризата во Македонија не трае само неколку месеци, туку веќе речиси 25 години, и воопшто не е случајна, тврди екс-дипломатот Ристо Никовски. Како што вели, таа претставува своевидна четвртвековна траума низ која поминува Македонија во своите обиди да се етаблира на меѓународната сцена.

Меѓутоа, целокупната ситуација неопходно е да се согледа од поширок аспект, со обзир на фактот дека Македонците се поделени. Пред се не треба да се заборави на декемвриските избори, кои најблаго кажано беа наместени на многу софистициран начин, околу 70.000 Албанци организирано гласаа за опозицијата, бидејќи наговестуваше и ветуваше дека ќе ја свитка кичмата за да може земјата да се прекрои, тврди Никовски.

„Сето тоа доведе до тоа албанските партии на велелепен начин да бидат оние кои одлучуваат што понатаму. Потоа се вмеша и Тирана која направи платформа со која всушност бара потполна редефиниција на државата. Со обзир дека опозициската СДСМ е спремна да попушта и да дава антиисториски концесии на Албанците, тоа воедно би значело и крај на унитарната држава и пат кон федерализација“, нагласува Никовски.

Новинарот на „Политика“ Миленко Пешиќ оди и чекор подалеку тврдејќи дека Албанците не би застанале само на федерализација, особено поради тоа што западниот фактор, а пред се Вашингтон и НАТО, имаат интерес да ги наградат Албанците на Балканот како најпослушни вазали од овие простори. Тоа воедно би претставувало и поплочување на патот на формирање на „Голема Албанија“, додуша не така брзо, но процесот е веќе започнат, истакнува тој.

Научниот соработник од Институтот за меѓународна политика и економија Слободан Јанковиќ тврди дека се она што се случува во Македонија се случува паралелно со процесот на осамостојувањ ена Косово со кој раководат албански структури, како и со барањето за формирање на војска на Косово.

„Албанците во моментот имаат барем две силни иницијативи со жеба да остварат уште две албански држви кои подоцна би се обединиле. Битно е да се сетиме и на зборовите на албанскиот премиер Еди Рама, дека доколку се покаже дека не постои европска перспектива за Албанија и останатите балкански држави во Европската Унија, ќе се отвори патпт кон обединување на Албанците, што може да се протолкува и као формирање на Голема Албанија“ – предупредува тој.

Никовски, меѓутоа смета дека независноста на Косово е големоалбански проект е во поголем дел реализиран, остана уште да се изврши обединување со Албанија, што, како што додава, е исклучитлно техничко прашање. Единствен преостанат проблм за да се комплетира тој проект е прашањето за Македонија, предупредува дипломатот.

Затоа, како што објаснува, и постојат сите тие обиди МАкедонија да се доведе до ситуација албанскиот дел да се отцепи. Потребно е да се има во предвид и фактот дека креаторот на целиот тој проект е Вашингтон, и додава дека тоа Србија го почувствува на своја кожа, бидејќи за да се постигне планот бомбардиран е Белград.

„По распадот на Југославија прв пат во САД стана фактор на Балканот, пред тоа беа Британци, Французи, Руси и Германци. Тогаш настана и партнерството помеѓу Албанците и Американците кое е долготрајно и опасно по регионот. Тоа функционира и сега се реализира во Македонија. Според тоа, кога ја читате „Тиранска платформа“, гледате дека тоа е политика која се реализира во последните 25 години“, заклучува Никовски.

Јанковиќ, меѓутоа, додава дека и аспирациите на Албанците не завршуваат со Косово и дел од Македонија, познато е дека сакаат и делови од Србија, Црна ГОра и конечно и Грција.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This