April 24, 2024, 11:52 am

КОСОВО ПРЕД ИНТЕР-АЛБАНСКИ СУДИР: Ривалството помеѓу Тачи и Харадинај може да предизвика судири во Приштина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рамуш Харадинај има власт, но нема моќ. Од друга страна, Тачи има моќ, но има ограничена власт. Со самото тоа што има моќ, значи дека има и луѓе во сите важни структури. Меѓутоа, тоа не значе дека ќе успее да го оттргне својот најголем политички ривал

Притаен судир на двајцата најсилни косовски Албанци околу политичка превласт навистина би можело во Приштина да предизвика до сега најголема криза од едностраното прогласување на независноста на таканаречената држава Косово.

Дали политичката победа ќе ја однесе Хашим Тачи, кој поради ладна глава при донесувањето на одлуки за време на судирите на Косово се здоби со надимак „Змија“ или Рамуш Харадинај, неговиот лут ривал уте од периодот кога се бореа за превласт во терористичката ОВК, ќе пресудат двајца луѓе – Кадри Весели и Беџет Пацоли.

По низата политички потреси и обиди владата на Харадинај да се претстави како неспособна и зависна од Србите, последните случувања – депортацијата на турските државјани без знаење на владата и само на основа на барање на Тачи, и акцијата за апсење на Марко Ѓуриќ, исто така под диригетнска палка на „Змија“ – потполно ја демолираа владата на Рамуш харадинај.

Тачи, пред неколку години, поради нискот рејтинг на неговата партија, беше приморан да му додели мандат на Харадинај кој беше популарен поради апсењето во Франција по српска потерница.

Политикологот од Приштина Бехљуј Беџај потсетува дека во секоја, па и во косовската полиција, постојат две компоненти.

„Имаме власт и моќ. Кај нас во моментот ситуацијата е таква да Рамуш Харадинај има власт, но нема моќ. Од друга страна, Тачи има моќ но има ограничена власт. Со самото тоа што има моќ, значи и има луѓе кои се на важни места“, објаснува Беџај, сметајќи дека ова е доволно јасен одговор во врска со политичките односи помеѓу Тачи и Харадинај.

Не сакајќи да се впушта во поголема анализа, вели дека Тачи се што прави прави плански за да ја сруши владата на Харадинај, додавајќи дека „Харадинај сам себеси се сруши кога го зема мандатот“.

Во моментот состојбата е таква што по излегувањето на Српската листа од владата на Харадинај не е сосема јасно дали Косово воопшто има влада, иако „премиерот“ беше изричен кога изјавил дека нема да поденсе оставка. Косовските медиуми се полни со шпекулации за предвремени избори кои се наводно неизбежни, бидејќи владеачката коалиција нема мнозинство во парламентот, а нитуе една парламентарна политичка партија нема амбиција да се придружи во владата на Харадинај, која остана со само 53 пратеници.

Меѓутоа, иако Тачи самоуверено влезе во оваа игра, се случи нешто на што не се надеваше и може д му го поремети плановите. Имено, неговиот верен сопатник Кадри Весели, на кого ја предаде партијата на управување кога ја завзема политичката фотелја, застана на страна на Харадинај и одби да ги повлече пратениците од парламентарната коалиција.

Друго изненадување пристигна од партијата на Беџет Пацоли. Тој досега седеше, не на две, на три столици – на столицата на Тачи, Харадинаиј и онаа на Албин Курти, а чиј министер се најде на удар поради апсењето на турските државјани.

Одговорот на прашањето, зошто може да се бара во тајните ветувања опстанокот на коалицијата во сегашната постава би можела да донесе ни помалку ни повеќе претседателска фотелја, бидејќи во случај Харадинај да го надоместо бројот на потребните пратеници, неговото парламентарно мнозинство ќе биде во можност да го смени Тачи во парламентот. Со обзир на тоа дека вакви шпекулации не се тајна и дека Хараднија цврсто реши да го повлече Тачи за нос по втор пат, извесно е дека овие два спротивставени политички калнови во наредниот период нема да бираат оружје за опстанок на политичката сцена.

Сепак, на крајот кој ќе победи зависи од волјата на западните сили САД и ЕУ.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This