April 26, 2024, 12:58 pm

КОСОВСКИОТ ПРЕМИЕР ИЗОЛИРАН: По Американската, и Британската амбасада не му издава виза!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Приштинскиот весник „Коха диторе“ денес пишува дека учеството на косовскиот премиер Рамуш Харадинај на Инвестициониот самит за Западен Балкан во Лондон идниот месец е неизвесно, бидејќи британската амбасада сеуште не му издала виза, а косовската влада признава дека тој британска виза, засега, не добил

„Коха“ објаснува дека Западот го „изолира“ Харадинај и потсетува дека американската амбасада во Приштина на косовскиот премиер пред две недели одби да му издаде виза.

Приштинскиот весник напоменува дека тие мерки се превземени откако косовскиот премиер и косовски претседател поттикнаа иницијатива пред косовските пратеници за укинување на Специјалниот суд за злосторства на ОВК.

„Коха“ додава дека кабинетот на косовскиот премиер не сакал да додаде никаква информација за весникот, во врска со барањето за британска виза.

Во меѓувреме, Канцеларијата за информирање на владата на Косово денес призна дека премиерот Харадинај сеуште не добил виза за Британија.

„Премиерот пред неколку дена поднесе барање за виза и во моментот е во процедура. Сеуште нема одговор. Навремено ќе дадеме дополнителни детали за посетата, бидејќи сега е рано. Потсетуваме – премиерот Харадинај сеуште нема добиено виза“, се наведува во одговорот на владата.

Харадинај беше дел од „пакетот“ премиери за кои Заев зборуваше во СМС пораките испратени до Мендух Тачи, а во врска со тоа дека „големите од надвор“ ги спремале за регионални лидери.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This