April 19, 2024, 11:14 pm

КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА СКОРО СЕКОЈ СРЦЕВ УДАР?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Депресијата за срцето е еднакво опасна како дебелината и високиот крвен притисок, вели новото германско истражување. Податоците од ова истражување потврдуваат дека депресијата предизвикува 15% од застојот на срцето, прекумерната тежина предизвикува 21% и високиот крвен притисок 8.4% од срцевите удари. Експертите истакнуваат дека овој податок е од витално значење бидејќи депресијата погодува 350 милиони луѓе ширум светот, според СЗО.

20170118-koja-e-prichinata-za-skoro-sekoj-srcev-udar-m
Авторот на истражувањето, професорот Карл-Хајнц Лудвиг од Техничкиоте универзитет во Минхен, вели дека не постои сомнеж дека депресијата е ризичен фактор за кардиоваскуларните болести меѓутоа со неа се поврзани и другите фактори како што се пушењето, високиот холестерол, дебелината и хипертензијата.

Истражувањето во период од 10 години, следело околу 3.500 машки пациенти од 45 до 74 години. Во текот на истражувањето починале повеќе од 500 луѓе, половина од срцеви болести. Депресијата била причинител во 15% од смртните случаи.

Авторите на истражувањето велат дека помеѓу сите главни и неприродни фактори за ризик од срцево заболување, депресијата има средно силно влијание.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This