КОЈ МУ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА ЗАЕВ: Иванов или Американците?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија може да „здивне“. Заев ја потпиша гаранцијата за Иванов дека ќе ја сочува унитарна Македонија, а претседатело на државата му го даде мандатот за состав на владата. Каде се загуби тука „тиранската платформа“ и дали навистина ја снема? На западот му останува да смирува. Дали е се готово?
zaev_mandat

По денешното ракување и размената на документите на лидерот на СДСМ Зоран Заев и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, изгледа дека Македонија може да „здивне“. Заев на Иванов му ги предаде напишаните и потпишани гаранции дека како претседател на владата ќе го чува по устав дефинираниот унитарен карактер на Македонија, а Иванов на нему му го даде мандатот за состав на влада за која доби поддршка од албанските партии – пишува Спутник.

Што уште гарантираше Заев?

Аналитичарот Александар Митовски од Центарот за истражување и анализа во Скопје за Спутник вели дека Заев потпишал дека Владата на Македонија нема да биде условена со било каква декларација, платформа или други изјави на албанските партии. Што значи дека и „тиранската платформа“ која по одржувањето на изборите во Македонија ја договорија албанските партии со својот шеф во Тирана. Нејзиното спроведување, мнозинството на граѓани кои на изборите ја поддржаа ВМРО-ДПМНЕ, го смета како прв чекор кон федерализација на државата. Поради тоа и повеќе од два месеци секојдневно беа на улиците на Македонските градови.

На прашањето дали со гаранциите на Заев се согласуваат и албанските партии со кои направи мнозинство, Митовски вели дека тоа сеуште е непознато. „Заев има еден став во врска со гаранцијата и тиранската платформа. Поточно, тоа е она што тие јавно го кажуваат. А ДУИ и останатите албански партии имаат сосема поразлично мислење во однос на тие гаранции“, вели аналитичарот за Спутник. Затоа, додава тој, сега останува да се види како Заев ќе го одржи својот збор по однос на гаранциите. – пренесува Спутник.zaev_mandat_Gjore

Но останува и да се види како албанските партии ќе реагираат на гаранциите кои Заев му ги даде на претседателот на државата, бидејќи, потпишувајќи ја гаранциите практично ја отфрли тиранската платформа, истата онаа која тој ја поддржа за да добие поддршка од албанските партии за формирање на влада.

Дали тоа значи дека со давањето на мандат на Заев за формирање на влада сепак е ставена точка на досегашните случувања во Македонија? Не е ставена, одговара Митовски, но додава и дека албанските партии и СДСМ на Зоран Заев сепак релативно лесно ќе го усогласат ставовите.

„И едните и другите имаат еден заеднички иметинтел, а тоа е западната меѓународна заедница која ќе им помогне да ги усогласат ставовите кога се во прашање гаранциите, коалицијата и идната влада“, смета аналитичарот од скопскиот Центар за истражување и анализа, пренесува Спутник.

Тој вели и дека искрено не верува дека може да дојде до ситуација да се стави во прашање парламентарното мнозинство.

Тензиите, смета Митовски, спласнаа уште последните денови од април. А тогаш, ден по упадот на народот во Собранието, на посета во Скопје дојде високиот американски претставник кој разговараше со сите политички актери. Брајан Хојт Ји потоа повика не само на смирување на ситуацијата туку и да се овозможи работата на новото парламентарно мнозинство, кое треба да предложи и нова влада и владина програма.

Затоа Митовски верува дека трансферот на власта ќе биде мирен.

„Се што можеше да се направи е направено, останува уште да видиме што ќе направи Уставниот суд во контекст на иницијативанта за оцена на уставноста на изборот на Талат Џафери за претседател на собранието. Дали ќе има некакви поголеми тензии – не верувам“, вели Митовски за Спутник.

А дали оценката на Уставниот суд дека Џафери е избран на неуставен начин може да предизвика нови компликации?

Бидејќи тоа би го довело во прашање легитимитетот на Собранието, во тој случај, смета тој, ќе биде одново предложен кандидат за претседател на парламентот, па парламентарното мнозинство одново ќе може ад го изгласа Талат Џафери, но овој пат во склад со законите и деловникот за работа на Собранието, објаснува Митовски.

Тој очекува дека наскоро ќе бидат и распишани и локалните избори, кои би требало да бидат одржани во првата половина на октомври, во склад со договорот на парламентарните партии.

Локалната власт од 15.мај формално-правно не постои бидејќи ѝ истече мандатот, па останува Собранието да го продолжи до одржувањето на локалните избори.

Токму локалните избори ќе бидат показател на вистинската ситуација во Македонија. Познавачите на ситуацијата сметаат дека првата половина на октомври е избрана како рок кој би бил најмалку лош по Заев, кој по прифаќањето на „тиранската платформа“ може единствено да смета на пораз на локалните избори. Неговиот СДС, покрај останатото, и на вонредните парламентарни избори во декември минатат година оствари послб резулатат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука и пораката од најновите пресконференции на ВМРО-ДПМНЕ, дека со обзир на тоа како граѓаните реагираа на ситуацијата, остануваат при ставот дека се потребни нови предвремени парламентарни избори на кои ќе се слушне гласот на народот. Ако по локалните избори се потврди двовластие – една власт во државата, а друга на локално ниво, што секогаш ги отежнува околностите по функционирањето на властите и нови парламентарни се очекувани.

И додека Западот со посредство на гласноговорниците во ЕУ го поздравија давањето на мандат на Заев, во исто време помошник рускиот претседател најави дека претседателот на Македонија од 22. до 24.мај ќе претстојува во посета на Москва.

Дали Македонија ќе излезе од незавидната ситуација со тоа што му е даден мандатот на Заев? Или само така изгледа.

19 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This