КОЈ НЕ ГО СЛУША ЛАВРОВ, ЌЕ ГО СЛУША ШОЈГУ: Русија ги испраќа протераните американски дипломати со јасна порака!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во екот на руско-амеркинаската „војна на санкции“, московските трговци решиле со попусти, и симболични опростувачки подароци да ги почестат протераните американски дипломати. Продавницата „Армија Русија“, која припаѓа на Министерството за одбрана на Русија, објави дека почнува специјална акција во која американските дипломати кои ја напуштаат земјата ќе им овозможат попуст од 20%, а исто така во спомен ќе им подарат и несекојдневен сувенир – маица со ликот на двата најпопуларни и најавторитативни руски министри. Подарокот е симболичен и носи јасна порака.

На градите е портрет на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, а на грбот е министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Маиците се во црна боја, а на нив со бели букви е напишано: „Кој не го слуша Лавров…ќе го слуша Шојгу“.


Дипломатите единствено имаат обврска да при купување на сувенири во продавницата на руското МНР да покажат документ со кој се докажува дека се вработени во Амбасадата на САД на Русија.
Акцијата ќе трае до 1.септември, кога на американските дипломати им истекнува рокот за напуштање на Русија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This