КОЈ САКА ДА ГО ЗАКРВИ БАЛКАНОТ: Закани за апсење на Милорад Додик на денот на одржување на референдумот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денес по повод шпекулациите во медиумите дека би можел да биде уапсен поради одржување на референдумот, изјави дека одговорот на Обвинителството на БиХ всушност победа на референдумот
dodik_referendum

„Ако некој сака да апси, тогаш нека го апси целиот референдум“, изјави Додик за новинарите откако гласаше во Лакаташи.

На прашањето дали Обвинителството против него ќе поднесе кривична пријава поради кршење на Уставот, тој одговори дека „денес е важен, свечен ден и дека веројатно ќе се радувам на резултатите вечерва, бидејќи атмосферата е таква“.

„Сите наредни денови носат ова и она. Ќе видиме како тоа ќе оди“.

На прашањето дали оние кои биле против одржувањето на референдумот, вклучително и премиерот и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Томислав Николиќ, дали ќе реагира на некаков начин, Додик одговори дека тоа нема да го каже на никого.

„Денес е празник и луѓето ширум Република Српск го доживуваат токму на тој начин“, рече Додик. Тој смета дека пригоорите се дел од вообичаената демократска атмосфера и дека сега не се важни, колку што е важно тоа што референдумот се одржува.

„Ништо неможе и нетреба да го доведе во прашање и да фрли сомнеж“, рекол Додик и порача дека Република Српска е мирна и стабилна и дека таква ќе остане до крајот на денот.

Референдумот во Република Српска е советодавен и се одржува поради одлуката на Уставниот Суд да биде укинат празникот „Денот на Републиката“ кој се одржува на верскиот празник Св.Стефан, кој пак со ништо не е поврзан, односно се работи за коинциденција, како што ќе изјави Додик во емисијата на Миленко Неделковски.

Додик исто така изјави дека „страшно сме изненадени и нема да го заборавиме потегот на вашата судијка во Уставниот суд (Маргарита Цаца Николовска) што како Македонец гласаше за укинување на празникот на Републиката“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This