КОЈ ЌЕ ЈА МАСИРА ДЕСКОСКА: Министерката за образование вработува масер како соработник за јавни набавки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за образование и наука распишало оглас за вработување на помлад соработник во секторот за Јавни набавки на оваа институција. Во „посебните услови“ е наведено дека се бара лице кое поседува 6Б квалификации од правните науки, политичките науки или кинезиологија.

Се поставува прашањето која е потребата во секторот за јавни набавки да се вработи кинезиолог, ако се знае дека кинезиологија е наука за движењето, а се опишува како дополнителна или алтернативна терапија која, при следењето на мускулите, се обидува да ја пронајде причината за нерамнотежата во телото.

Постои и кинези масажа со која го ослободува телото од стрес. Најчесто се користи при здравствени проблеми, како што се стрес, заболувања на мускулите, проблеми со исхраната, емоционални проблеми, тешкотии со учењето и однесувањето. Оваа наука се фокусира на неоткриените реакции на стресот и користење на одредени техники, со цел да му помогне на телото само да се опорави. Кинезиологија се базира на древната кинеска теорија на акупунктура и чи енергија, од каде ги влече своите корени.

Извор
Лидер.мк

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This