Намерата на Американците е Србија да ја вратат во периодот во деведесеттите кога на секој чекор имаше убиства на криминални кланови и на политичари
Руските разузнувачки служби доставиле информации до српските власти за плановите на ЦИА. Според Русите, Американците имаат две сценарија за предизвикување тотален хаос во Србија.
Тоа предвидува убивање на соработници и роднини на српскиот премиер Александар Вучиќ и тоа да го претстават како мафијашка пресметка.
Потоа, треба да се елиминираат и некои од противниците на актуелната влада а затоа да се обвини власта.Намерата на Американците е Србија да ја вратат во периодот во деведесеттите кога на секој чекор имаше убиства на криминални кланови и на политичари.
Русите исто така укажале дека Американците веќе почнале да ги реализираат нивните планови со тоа што братот на премиерот е предмет за линч и се обидуваат да го престават како човек кој се занимава со сомнителни бизниси.