КРИВИЧНА ЗА ЕКС-ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕМИР КАПИЈА: СВР Велес го терети екс-градоначалникот на Демир Капија за нелегална сеча на дрво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев, за злоупотреба на службена положба и овластување.

„На 29.09.2017 година пријавениот, како градоначалник на Демир Капија, за време на предизборна кампања за локални избори 2017 година, спротивно на одредбите од Изборен законик, донел решение во кое ја одобрил нелегалната одлука на советот на Општина Демир Капија, за одобрување на финансиски средства за покривање на трошоци за добивање на дозволи за сеча на огревно дрво на 20 социјално најзагрозени семејства од село Дрен. Потоа на 10.10.2017 и 13.10.2017 година, пријавениот, на сметката на ЈП „Македонски шуми“ префрлил вкупно 110.000 денари за добивање дозволи за сеча на огревно дрво, а по преземени мерки, од страна на полициски службеници било утврдено и дека лицата за кои биле наменети паричните средства не се лица во социјален ризик“, соопштија од МВР.

Од таму истакнуваат дека пријавениот на тој начин го оштетил буџетот на општина за 110.000 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This