КРИЗА ВО КОАЛИЦИЈАТА СДСМ-ДУИ: Заев на тајни состаноци со луѓе на Рама и Харадинај, функционерите незадоволни од Владата која не ги вработува албанските административци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Висок функционер на ДУИ за телевизијата на албански јазик од Тетово, ТВ Коха, изјавил дека коалицијата помеѓу неговата партија и СДСМ е во критична состојба, особено поради обидот да се спречи поставувањето на околу 1.000 административци од ДУИ кои досега седеле дома

„Во полицијата, царината, УЈП, обвинителството, судовите и други институции каде што административци од албанска националност биле вработени, досега никој не е контактиран и за никого не е најдено соодветно место за да почнат да одат на работа. Накратко, институциите контролирани од СДСМ го блокираат прифаќањето на Албанските административци. Едноставно, не ги прифаќаат. За работни места биле контактирани само вработени во локалните самоуправи и институции лоцирани во Тетово. Ако продолжи вака, ДУИ ќе мора да свика итен состанок за да ја испита насоката во коалицијата со Заев“, изјавил функционер на ДУИ, пренесува ТВ Коха.

Освен ова, албанските медиуми објавуваат дека Зоран Заев имал таен состанок со блиски соработници на Албанскиот премиер Еди Рама во текот на вчерашниот ден, а денес наводно се сретнал и со неговиот Косовски колега Рамуш Харадинај, за како што наведуваат да разговараат за наводната криза во коалицијата.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This