КУРЦ ЖЕСТОКО КОН САД:Не можеме да ги прифатиме овие глупости за планираните американски тарифи за челик и алуминиум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По состанокот на владата на Австрија во врска со спроведување на нови тарифи за челик и алуминиум од страна на САД , Курц рече дека би било најдобро ако ” можеме да се поштедиме самите себе од сето ова”, според весникот Куриер.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц остро ги осуди планираните американски тарифи за челик и алуминиум, велејќи дека сите страни ќе загубат во случај на трговска војна.

“Ќе има реакција која, се надеваме, дека ќе го предомисли САД не можеме да ги прифатиме овие глупости”, рече Курц по состанокот на кабинетот.

Австриските власти се обидуваат да ја спречат администрацијата на Трамп да ги вовед тарифите за челик и алуминиум и се закани со остра реакција од ЕУ.

ЕУ е подготвена да ги заштити своите права пред Светската Трговска Организација по воведувањето на новите тарифи од страна на САД,вели комесарот на ЕУ
Европската комисија сé уште не донесе конечна одлука како ќе одговори на казнените тарифи на САД, но предложи неколку опции за реакција. Комесарот за трговија на ЕУ, Сесилија Малмстром, ги повика САД да “се преиспитаат”. Меѓу контрамерките на ЕУ, ќе биде и претставката пред Светската Трговска Организација или пак европски тарифи и давачки за разни американски производи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This