March 28, 2024, 11:55 am

КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Секојдневно се пријавуваат случаи на искасани граѓани, Шилегов мува не го лази!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секојдневно читаме за нови случаи на искасани луѓе по улиците, а не ретко граѓани се здобиваат и со сериозни повреди опасни по животот. Уличните кучиња напаѓаат во скоро секоја од скопските населби, а реакција од надлежните институции се уште нема. Ваквата ситуација дополнително ги разбрануваат страстите и револтот кај граѓани, барајќи овој проблем веднаш да се реши.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов кажа дека градот Скопје во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство работат за изнаоѓање на системско решение за превенција на уличните кучиња, но и на домашните миленици. Покрај ова Шилегов најави дека до крајот на месец јануари Градот ќе почне со спроведување на активностите за хуман третман на уличните кучиња и поголема контрола на инспекторите дали сопствениците кучињата ги шетаат врзани и со маски. Но и покрај најавите на Шилегов, граѓаните се жалат дека нема ништо од ветеното и дека има нови нападите од кучињата скитници.

Од официјалната страна на Министерството за внатрешни работи стои дека од почетокот на април па се до овој момент биле нападнати 11 граѓани од страна на куче скитник. Загрижувачки се и податоците добиени од МВР во кои стои дека, в текот на минатиот месец на подрачјето на Градот Скопје се пријавени 32 случаи ана каснати лица од кучиња скитници.

Институциите постојано си ја префрлаат топката едни со други околу тоа, кој е одговорен за решавање на проблемот. Резултатот од немањето соодветна стратегија која долгорочно ќе го реши проблемот со кучињата кои талкаат по улици, е енормното зголемување на нивниот број по скопските улици.

Проблемот со кучиња скитници во Скопје како одминува времето станува се поголем и поголем. Само во месец април во полицијата се пријавени околу десетина случаи на напад на скопските улици.

Вчера во 20 часот 20 годишната М.Ј. во полициска пријавила дека истиот ден околу 18 часот на ул. „Стале Попов“ била нападната од три кучиња скитници, од кои едното ја гризнало во пределот на десната потколеница.

Редакцијата на Курир дојде до ексклузивни фотографии од раните со кои младата девојка се здобила во центарот на Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This