ЛАЖАТ, ТРЕПКИ ПАЃААТ: Провладините медиуми го фрлија Заев во вода за Водици, а Јанкуловска на клиника

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Медиумите под контрола на СДСМ во ист ден ја испратија во болница Гордана Јанкулоска и го избањаа Зоран Заев во Охридското езеро.

Граѓаните секојдневно се сведоци на апсурдни текстови низ медиумите кои очигледно имаат за цел манипулација и дефокусирање на јавноста од актуелните и круцијални теми за државата и нејзиниот опстанок. Одредени портали со класични манипулации се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста од промената на името, двојазичноста и договорот со Бугарија.

Револтот кај јавноста од недржавничкото однесување на СДСМ е се поголем. Разочарувањето кај сопственото членство огромна. Во низа се редат антидржавните договори и закони. Во една недела се изгласа неуставниот закон за двојазичност и се ратификуваше договорот со Бугарија, во кој Македонија и македонскиот народ се оштетена страна. Засилено се преговара за името и се лицитира со имиња на државата. Сето тоа го крена револтот на народот до плафон. Факт кој беше забележан од медиумите блиски до СДСМ кои по секоја цена се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од овие горливи теми.

Избезумени ако да ги амортизираат антидржавните постапки на Заев, медиумите блиски до власта објавија лажна вест дека истиот се избањал во Охридското езеро на ден Водици, објавувајќи фотографија стара две година од август 2016 година, претставувајќи ја како истата да е сликана сега. Кого видоа дека граѓаните ја забележаа лагата веста беше експресно избришана.

Се чини ова не беше доволно, па порталите блиски до власта ја испратија во болница и Гордана Јанкулоска. Дефинитивно е лажна вест тоа што е објавено на некои сдсмовски портали.

За ваквите спинови на СДСМ и медиумите блиски до нив на фејсбук се огласи и Ивор Мицковски, поранешен шеф на Центарот за комуникации на СДСМ. Според Мицковски ваквиот начин на делување на одредени медиуми е дефокус на јавноста од изјавата на Ципрас за непостоење на македонска нација.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This