ЛАЖНИ ПОДАТОЦИ СЕ ИЗДАВААТ ОД АРХИВОТ НА МАКЕДОНИЈА: Филип Петровски објави документи со кој се докажува лажирањето на податоци од страна на Архивот на Р.Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Филип Петровски објави документ кој докажува дека Архивот дава лажни податоци и води политичка хајка

Минатата недела режимскиот нискотиражен неделник Фокус, во сопственост на кланот Заеви објави целосно спинувани невистини во врска со Државниот архив на Република Македонија и моето работење таму. Самиот наслов сугерираше дека станува збор за нешто матно, дека сите инволвирани се нечесни за разлика од нив „чесните“ и дека само по себе може да се изврши генерализација без факти од проста причина што овој неделник, нели, поседува право, сега од позиција на власт, да прогласува ВРХОВНИ ВИСТИНИ.

Главната линија на напад сепак е „поважна“ во тој момент на ОДНАДВОР ИНСТАЛИРАНИОТ РЕЖИМ. Имено, имаа работа да завршат, односно да ја платат фактурата која ГРИНГОСИТЕ им ја испорачаа за да ги седнат во КРЕМПИТАТА (збор од жаргонот на шарените за седиштето на Владата). Работата беше да се дискредитираат професорите историчари кои се спротивставија на потпишувањето на срамниот договор со Бугарија. Професорите имаа, како и сите ние, историска одговорност да го дигнат својот глас и тие тоа го сторија. Отворено се спротивставија на МАРИОНЕТСКИОТ РЕЖИМ кој гази се пред себе што размислува поинаку, а посебно ако е на линија на МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ…
Значи накратко кажано, сите ние сме криминалци, само ТИЕ, НАСАДЕНИТЕ се чесни.

Меѓутоа, сега за сега во оваа држава има закони и се знае што е КЛЕВЕТА, НАВРЕДА, ПОВРЕДА НА УГЛЕД. Посебно кога од еден текст може јасно и прецизно да се детектира намерата да се направи ШТЕТА и да се сврти вниманието на јавноста… Во принцип секогаш крадецот вика ДРЖТЕ ГО КРАДЕЦОТ… Знаете како тоа иде. Па така и Фокус. Тие си се оправдаа дека добиле такви и такви податоци од ДАРМ. За да бидам сигурен дека не е лага ова тврдење на режимскиот неделник се обратив до архивот.
Следи текстот кој беше испратен:

Почитувани,

во последниот број на Фокус е направена намерна „сензација“ и политички спин поради податоци кои ги добиле, според нивно тврдење од ДАРМ.
Во оваа прилика поради злоупотребата на податоците, давањето на ЛАЖНИ бројки кои немаат ништо со реалноста и вистината Ве известувам дека против одоговорните лица ќе поднесам кривична пријава.
Направена е груба злоупотреба на Законот за достап до јавни информации за политички потреби. Одозгора на тоа дадени се наштимани податоци и бројки со што ми е нанесена штета на угледот. Сметам дека сето тоа е направено НАМЕРНО.
Ве известувам дека доколку ДАРМ не се огради од ЗЛОУПОТРЕБАТА, писмо со ОТВОРЕНА СОДРЖИНА ќе доставам и до сите медиуми.
***
Нејсе повеќе пати ми нагласија „мои извори“ дека новиот ВЕДЕ бил пратен со јасна намера да НАЈДЕ ПОШТО ПОТО НЕШТО ЗА МЕНЕ И МОЕТО РАБОТЕЊЕ… Па човекот си бара. И нека си бара. Во оваа пригода да ја известам јавноста дека уште додека бев директор и пред да бидам незаконски сменет, додека на одмор, во ДАРМ дојде редовна постапка на Државна ревизија за 2016та година. Одлично. Сакам до детал да ги претресат сите активности за да можам јас самиот да го објавам тука ИЗВЕШТАЈОТ.
А доаѓаше редовно и Чанчаревиќ, синот на егзекуторот на ВМРОВЦИТЕ, кој се појавува повеќе пати во документите на едицијата „Црните страници на УДБА“. Бараше и тој се и сешто. Нервозен, инструиран, упаѓаше во Архивот за да ги заплашува вработените изигравајќи кловн. Се смеев во себе. И уште се смеам. А бе крвта вода не бидува. Се гледа на суратот. Гените се пренесуваат. Џелатот е џелат па каква и да му дадеш улога. Еднаш е удбаш, утре е историчар, задутре е новинар. Но, секогаш има еден заеднички содржател – ИСКОНСКА ОМРАЗА КОН МАКЕДОНЦИТЕ (за ова допрва ќе пишувам).
Да се вратам на Архивот. Денеска добив одговор на маил. Еве го целосно тука пренесен, верно на оригинал.


Овој скандалозен одговор кој во оригинал го имате пред себе покажува дека ДАРМ до медиумите (на режимот) доставувал неточни податоци, што само по себе е ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА и уште полошо злоупотребени се СУМАРНИ ФИНАНСИСКИ ПОКАЗАТЕЛИ за трошоците на Архивот и прикажани како мои.

Како за пример, не е можно целата тоалет хартија за 300 вработени да е моја репрезентација (се смеете знам, и јас исто) или пак копир хартијата за работењето на институцијата да е моја репрезентација. Со ова НАМЕРНО праќање на лажни податоци е направено дезавиурање на јавноста со јасна политичка намера. Тоа е исто како јас сега да кажам тука дека директорот си нарачува виски за канцеларијата затоа што не знае што друго да прави таму. Се разбира јас ова нема да го кажам, ќе оставам на времето да ја покаже компетентноста и некомпетентноста. Знаете времето е немилосрдно, те гази секој ден…

Натака, соработниците, историчарите и професорите се имплицира дека се крадци, лоу лајф и бранители на режим и никако не се споменува дека се правени десетици книги, во според мене, највредните едиции од основањето на оваа институција, во десетици илјади страници кои некој сакаше јавноста никогаш да не ги види. А само загребувањето води кон сознание дека АКТЕРИТЕ кои ја клекнаа Македонија на колена се СОСЕМА ИСТИ. Знаете многу е тешко да побиеш документ посебно кога е објавен без алтерација, па токму затоа останува втората мерка на УДБа – дискредитацијата.

И за мене е очекувано сето тоа. Како и за моите соработници. Тоа се луѓе кои од прашина и темнина, заедно со мене на површина извадија ЗЛО НА ЕДЕН РЕЖИМ од периодот 1945-1990-2000 кој газел по се што е ПРОМАКЕДОНСКО… И затоа до земја им се поклонувам. Самите тие знаат на каков прием наидовме низ Македонија каде што стотици луѓе не пречекуваа и не не оставаа со саати соопштувајќи ги своите „искуства“ од најголемото ЗЛО ШТО ЈА СНАЈДЕ МАКЕДОНИЈА.

Извор:Превземено од сајтот на  Филип Петровски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This