April 20, 2024, 11:44 am

ЛАПНАЛ 15.000 ЕВРА ОД БУЏЕТОТ ЗА ПРЕТСТАВА КОЈА НИКОГАШ НЕ СЕ ОДИГРАЛА: Ќе постапат ли МВР и ЈО соодветно на криминалот кој го направил Александар Поповски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Под изговорот дека е проект од национален интерес, еден од најгласните поддржувачи на шарените платеници и човек кој во српска „Политика“ пишуваше дека Македонскиот народ бил глупав, „лапнал“ 800.000 денари од Министерството за култура за претставата која никогаш не се одиграла „Лерин“

Александар Поповски, режисерот и директор на „Театарот на навигаторот Цветко“ пратил допис до Министерството за култура на Република Македонија во кој стои дека претставата „Лерин“ за која добил 800.000 денари, се одиграла на 29 декември 2015 година. Дописот е лажен.

Дека се работи за класична измама, говори и фактот што на репертоарот на театарот, оваа претстава никогаш не го нашла своето место, но и податокот дека никогаш истата не била промовирана. Информација за тоа кога ќе се одигра претставата нема никаде. Ниту еден македонски медиум воопшто не го забележал овој настан од национален интерес, но уште поиндикативно – премиерата на „Лерин“ не е забележана ниту од фан-страницата на „Театарот на навигаторот Цветко“ на фејсбук. За неа ништо не пишува и на фан-страницата на Кино Култура, местото на кое се одиграла мистериозната премиера.

Откако за овој случај се заинтересираа медиумите, Поповски испратил заканувачки писма до редакциите кои ја објавиле оваа информација, со барање да достават копија од барањето за слободен пристап до информации. Оттаму добил одговор дека истиот документ е добиен од одговорни граѓани, односно, свиркачи.

Но, се поставува прашањето, до каде е истрагата за фантомската претстава на Александар Поповски за која земал 800.000 денари?

Од надлежните институции веќе петти ден молк за оваа финансиска малверзација на директорот и режисер Александар Поповски, кој проневерил 800.000 денари на име на претстава која никогаш не се одиграла.

Ваквото незаконско однесување на кадри на СДС и шарените платеници отвара неколку прашања, на кои надлежните институции треба да одговорат.

Имено, дали Алаѓозовски повел или ќе поведе истрага за ваквиот криминал на Поповски, или пак неговиот партиски другар ќе биде амнестиран?
Како ќе го оправдаат тврдењето дека културата била ставена под раката на ВМРО, додека пари добивале тезгаџии од видот на Александар Поповски, партиски кадар на СДС и активист на шарените платеници?

Оттука произлегува и прашањето, дали ако во своето криминално делување Поповски или некој негов партиски другар не ги добиел парите од Министерствот за култура, за кои сметале дека мора да ги добијат како „заслужни“, почнувале да врескаат по примерот на еден Оскаровски режисер во обид?

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This