ЛЕТЕЧКИОТ ТЕНК СУ-34: Оклопен бомбардер кој лета два пати побрзо од звукот и носи 8 тони бомби – треба нешто повеќе?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Воениот авион СУ-34 произведен од Рускиот „Сукхои“ тежи 45 тони, и има носивост од 8 тони на оружја, со максимална брзина од Мах 1.8, максимална висина од 18.000 метри и тактички радиус од 4.000 километри. СУ-34 бомбардерите се тестирани во вистински воени услови во Сирија, лансирајќи бомби и ракети водени преку ласер, инфрацрвени зраци, ТВ, ГПС. Еден од заклучоците извлечени од Руските воени експерти бил да се зголеми капацитетот на авионот за мисии воздух-земја, со цел да се замени оклопниот СУ-25, чии ресурси полека се трошат. Руската авијација има 100 СУ-34 засега, но до 2022 откако ќе се исклучат од употреба 100 СУ-25 и 150 СУ-24 авиони се очекува бројот на СУ-34 да стигне до 250


За учество во мисии за поддршка на копнени сили, авионот СУ-34 ќе добие оклопни плочи и реактивен оклоп околу виталните делови на авионот кој треба да го заштитат од проектили земја-воздух, противавионска митралеска муниција, како и од мали пешадиски сили. Оклопните плочи ќе бидат направени од титаниум со дебелина од 15 до 30 милиметри, најлонска облога која има за цел заштита од дефрагментирање.

СУ-34 ќе има можност за додавање на дополнителни резервоари кои ќе му дозволат дополнителни 8 часа лет. Друга предност кај оклопниот СУ-34 е во тоа што е опремен со технологија која самата скенира и пронаоѓа можни цели за напад. Ова се остварува преку инфрацрвените сензори „Радуга“ и радарот М400 поставен на трупот на авионот, како и панорамските радари АП-403 и АП-404 како и насочениот АК-108М или М402 Пика СЛАР. Овој авион има предност во тоа што може да напаѓа од големи висини и голема оддалеченост, но и од екстремно мала, со што е погоден за отварање на коридори за снабдување. Дополнително истиот може да се користи како платформа за блокирање на непријателската комуникација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This