ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈАТА Е ВО КОРИСТ САМО НА АНЃУШЕВ: Либерализацијата на енергетскиот пазар ќе значи поскапа струја за граѓаните, и подебело конто на Анѓушев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новите мерки кои ги предвидува Социјалдемократскиот сојуз за либерализација на енергетскиот пазар, самите по себе претставуваат конфликт на интереси и основ за богатење на партискиот апарат на Социјалдемократскиот сојуз и неколкумина владини функционери, обвинува Никола Србов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Србов смета дека по стапувањето на функцијата „Вицепремиер за економски прашања“, Кочо Анѓушев се здоби со широк дијапазон на овластувања и можности за влијание, покрај другото, и на законите поврзани околу енергетската област во која тој дејствува како деловен ентитет и е директно засегнат.

-Понатамошната либерализација на пазарот која ќе ја спроведува владата на Социјалдемократскиот сојуз, по барање на Анѓушев, ќе доведе до зголемување на неговото пазарно учество како резултат на „проголтувањето“ на помалите фирми, со што, контролата на цените и понуденото количество ќе зависи речиси исклучиво од групацијата „Фероинвест“. Ваквата политика ќе доведе до влошување на позициите на МЕПСО, ЕЛЕМ, ЕВН и останатите компании. Ова ќе предизвика нагло ослабнување на ЕЛЕМ и МЕПСО кои ќе отпуштаат илјадници луѓе од работа. На тој начин, овие две компании се обезвреднуваат и стануваат потенцијален бонбона бизнис за блиските соработници на Заев, изјави Србов.

Србов вели дека во овој момент фирмите на Анѓушев држат 90% од пазарот на електрична енергија кој е веќе либерализиран за правните субјекти, со новите измени Анѓушев ќе го покрие и пазарот за домаќинствата, поточно, сите домаќинства ќе користат електрична енергија која ќе им ја продава Анѓушев. Со тоа, како што вели Србов, лично Анѓушев ќе ја диктира цената на електричната енергија која, според досегашните искуства, можно е да порасне и до 50% за домаќинствата.

-Фирмите на Кочо Анѓушев работат исклучиво со увезена електрична енергија, бидејќи со новиот закон за либерализација можно е да дојде до целосен монопол на пазарот од страна на „Фероинвест“, ќе се намали и производството на електрична енергија на ЕЛЕМ. Со овие измени енормно ќе се зголеми увозот на електрична енергија во државата, со што, Македонија можно е да се претвори во целосно енергетски зависна држава. Зголемениот увоз ќе предизвика влошување во билансот на плаќања на државата, зголемен трговски дефицит и намалување на девизните резерви на државата. Сето ова ќе иницира потреба од понатамошно задолжување на Република Македонија и зголемување на јавниот долг. Контото на Анѓушев ќе расте на сметка на граѓаните кои ќе плаќаат повисоки цени како резултат на спроведената либерализација со која манипулира Социјалдемократскиот сојуз, а за што ние веќе предупредивме, изјави Србов.

Србов потенцираше дека во Република Македонија живот дојде само за неколкумина бизнис пријатели на Заев, а за народот пристигнаа поголемите сметки и понизок стандард.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This