„ЛИСИЦИТЕ“ СЕУШТЕ АКТИВНИ: Советските пресретнувачи МиГ-25 си ги одмерија силите со новите Ф-16 на израелската армија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сириските владини трупи за време на одбивањето на нападот на израелската авијација ги употребиле легендарните советски авиони – пресретнувачи МиГ-25ПД, објави „Весник Мордовије“

„Последните авиони МиГ-25 кои се наоѓаат во исправна состојба би требало да се наоѓаат во воздушната база Тјас (Т4), на чие подрачје израелската група авиони изведе напад на наводен контролен пункт на иранските беспилотни летала“, објаснува за весникот експертот Јуриј Љамин.

„Весник Мордовје“ наведува дека флотата МиГ-25 пред неколку години броела околу 40 авиони, од кои 30 пресретнувачи. Овие авиони, познати како „Летечки лисици“ (Фоксбет), долго не беа вклучени во исполнување на борбени задачи и вршеа само ретки патролни летови.

Истовремено, весникот истакнува дека „лисиците“, и покрај својот солиден работен век, и понатаму можат да причинат „многу непријатности дури и на високотехнолошките израелски воздухопловни сили“.

Сириските системи за противвоздушна одбрана на 10.фебруари погодија неколку авиони на израелските воздухопловни сили, откако овие изведоа напад на воени цели на територија на Сирија. Прес-службата на израелската војска соопшти дека еден авион тип Ф-16, кој учествувал во воздушниот напад, е соборен по интензивна противвавионска палба од земја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This