March 29, 2024, 12:36 pm

ЛИЧИ ЛИ ОВА НА ГРАД ВО 21-ОТ ВЕК: Центарот на Куманово се дави во депонија од која се шират заразни болести!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постојано ја потсетуваме локалната власт по однос на хигиената која НЕ владее во Куманово. Денеска се наоѓаме на влез во населбата Перо Чичо, најголемата приградска населба. Тука е направена дива депонија, која неконтролирано се пали и чадот се шири низ околните станови и куќи, велат од ВМРО-ДПМНЕ, Куманово.

Тие понатаму велат дека: Лошо може да се одрази врз здравјето на децата и родителите кои живеат во околината. Овој дел одамна ги загубил зелените површини, а иста е сликата и низ центарот на градот.

-Во близина е и градскиот кеј за кој исто така неколку пати реагиравме дека речното корито не е исчистено ниту од тревата, ниту од старите технички апарати кои пловат низ него. Често има на овој дел и кучиња скитници кои јадат од депонијата, а покрај тоа и ѓубрето го чепкаат и разнесуваат низ околните дворови. Во вечерните часови ги напаѓаат жителите кои пеш си одат накај дома. Овој дел претставува потенцијална опасност на зарази во летните жешки денови кои се допрва пред нас, потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ, Куманово.

Го прашуваме градоначалникот зашто не му функционираат јавните претпријатија кои се одговорни и должни да ја одржуваат хигиената во градот. Покрај оваа депонија, низ градот на уште неколку места постојат депонии на кои сите граѓани реагираат, но сепак одговорните и градоначалникот немаат слух.

Неодговорноста ја почувствуваа граѓаните и во зимските денови кога се молеа буквално службите на градот да го исчистат снегот, за да почне градот нормално да функционира.

Градоначалникот да одговори, дали е нормално за нив таква смреа да се шири од сите страни на Куманово, а тој да седи со скрстени раце и да не преземе ниту еден чекор што води кон решавање ??

Граѓаните следат Градоначалнику, изборите се ближат !!!, информираа од ВМРО-ДПМНЕ, Куманово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This