ЛОКАЛНИТЕ НЕМААТ НИКАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА: Евтин обид на СДСМ да купи време пред катастрофалниот пораз на локалните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ била и ќе биде одговорна партија кога се работи за државните, националните и локалните интереси на своите граѓани. Очигледен е преголемиот страв на СДС да се соочат со граѓаните и да доживеат нов пораз. Граѓаните нема да дозволат да бидат повторно изманипулирани за сметка на своите државни интереси, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ.

vmro-dpmne-4

-Ниту Никола Груевски е виновен, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ има било каква вина со стравот на Зоран Заев да ја отфрли Тиранската платформа и да се обврзе дека нема да ги реализира нејзините елементи на штета на Република Македонија. Одржувањето на локалните избори нема никаква врска со формирањето на Влада. Мандатите на градоначалниците и советите на општините треба да се продолжат во понеделник, но исто така и треба да се донесе најбрз можен датум за одржување на локалните избори, стои во реакцијата.

Прва причина за пролонгирањето на одржувањето на локалните избори не е притисок врз Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, туку само евтин обид да се купи време за локалните избори да не се одржат во најбрз можен рок, 2-ри јули, од стравот дека ќе бидат катастрофално поразени.

-Втора причина за обидот на СДС да го одолговлече закажувањето на локалните избори е притисокот кој сакаат да го направат врз ДУИ за нивно пазарење околу коалицискиот договор, бидејќи ДУИ има 14 градоначалници, а СДС само 3. Овие пазарења и одолговлекувања од страна на СДС се на штета на граѓаните кои сакаат локалната власт да биде избрана и да функционира нормално што е можно побрзо, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ е за одржување на најбрзи можни избори, за да се стави во функција локалната самоуправа, а граѓаните да не трпат штета и да не бидат загрозени нивните интереси.

Пратеникот Антонио Милошоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали СДСМ на некој начин се обидува да го услови одржувањето на локалните избори со давање на мандат на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов за состав на нова Влада, рече дека локалната самоуправа е уставна категорија на која што граѓаните имаат право, и таа на ниеден начин не е поврзана со Претседателот на државата или со извршната власт.

-Локалните избори мора да се оддржат што поскоро за граѓаните да имаат градоначалници, општини и од нив надлежности и функции без разлика дали Претседателот на државата или другите лидери на политички партии имаат разлики по однос на прашањата поврзани со извршната власт. Затоа сметаме дека СДСМ на еден многу непринципиелен начин го уценува овозможувањето на локални избори со поврзување за очекуваниот или посакуваниот мандат од господинот Заев. И сметаме дека покажува страв да се соочи на брзи и скорешни локални избори каде што граѓаните ќе можат да одлучуваат за своите локални потреби, рече Милошоски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This