ЛОЈАЛНОСТ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЗБОРОТ: Путин открива која особина кај луѓето му е најважна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претсдателот на Русија Владимир Путин смета дека кај луѓето е најважна особината на лојалност и способноста да се одржи зборот, рекол во интервју за Киргиските медиуми

„За мене е најважната сигурноста, една од најважните карактеристики на сигурноста е знаењето дека ќе се исполни она што сме го договориле, да се одржи зборот“, рекол шефот на руската држава.

Тој објаснил и зошто во Киргистан е распоредена и руска авиобаза.

„Не е случајно тоа што во Киргистан, во Кант, се наоѓа руската авио-база“, рекол Путин и додава дека Киргистан, иако има малубројно население, има доста интересна географска положба.

Рускиот лидер потсети дека републиката своевремено имала голема улога во зачувувањето и зголемувањето на одбрамбените способности на СССР. По мислењето на Путин, Киргистан има „интересна и ветувачка иднина“. Тој ја пофали работата и талентот на народот во земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This