ЛУЃЕТО МУ УМИРААТ, ТОЈ СЕ ШЕТА ВО АМЕРИКА: Здравството во хаос, луѓе умираат, сајтот на Министерството не работи, ама се зборува на Вибер!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека владее хаосот во здравството денеска две лица од гостиварско село починаа на Клиниката за инфективни болести, а министерот е на пат во САД, додека нивниот сајт не фукционира, а единствена апликација која функционира на Министерството за здравство е мобилната апликација Вибер.

Две лица од гостиварско село починаа на Клиниката за инфективни болести. Тие биле донесени во Клиниката со тешка здравствена состојба и со висока температура, пролив, повраќање… На Клиниката во моментов се хоспитализирани четири лица од истиот регион со полесна клиничка слика. Ова денеска го изјави претседателот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство Звонко Миленковиќ кој е директор на Инфективната клиника.

Посочи дека ги известиле центрите за јавно здравје кои веднаш излегле на терен и вршат епидемиолошки испитувања.

– Инфективната патологија подразбира голем број различни заболувања, меѓу нив и такви кои може да се пренесуваат на човекот и да предизвикаат болест. Во конкретниот случај не станува збор за болести кои имаат висок степен на трансмисивност меѓу луѓето. Од тука не гледам причина за создавање паника или несигурност меѓу луѓето, нагласи Миленковиќ.

Тој посочи дека починатите се од машки пол, на возраст од 50 и 23 години и биле во роднинска врска.

– Станува збор за фебрилна состојба со засегната функција на црниот дроб, бубрезите и коагулациските фактори, рече Миленковиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека на Инфективната клиника ниту имало, ниту има карантин.

– Карантин подразбира изолација на лица кои биле во контакт со некого во одреден простор. Лицата кои се со тешка брза прогредирачка форма на заболување се предмет на изолација, а не на карантин, додаде Миленковиќ.

Во меѓувреме интернет страната на Министерството за здравство не фукнционира и доколку кликнете на нивниот сајт таму пишува дека тој е во изработка.

Инаку министерот за здравство Арбен Таравари, заедно со делегација од неговиот кабинет, од вчера е во петдневна работна посета на Соединетите Американски Држави. Тој во Вашингтон ќе се сретне со претставници на американскиот Конгрес, Стејт департментот, како и Амбасадата на Република Македонија во САД, соопшти Министерството за здравство.

За време на престојот во Вашингтон, министерот ќе се сретне со менаџментот на водечките американски болници, како и интернационални организации од областа на здравството, со цел размена на искуства и формирање стратешки партнерства за реформи во здравството.

Во рамки на работната посета на САД, Таравари ќе престојува и во Њујорк каде што ќе има средби со претставници на Светската здравствена организација, како и со раководството на реномирана њујоршка болница. Оваа посета е од клучно значење за македонското здравство и со овие средби ќе се овозможи размена на искуства кои потоа ќе се применат како темел за реформи во здравствениот систем, информираат од Министерството за здравство.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This