April 20, 2024, 12:51 am

ОД СЕКОЕ СТАПЧЕ НЕ СЕ ПРАВИ СВИРЧЕ: Богдан Илиевски повика некој “да го прибере” Таравари и му порача – Че си падните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо одговори за јавноста, денес министерот за здравство Арбен Таравари реши со морбидна порака да ја анимира јавноста со тривијалности и политикантство, исмејувајќи ги трагедиите на семејствата кои поради неговата некадарност, минатата недела ги загубија најсаканите

 

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Богдан Илиевски, со статус на Фејсбук можеби најдобро ја сумираше апсурдноста на ситуацијата, во која најповиканиот да даде одговори за трагедијата, се занимава со морбидно политикантство и некрофилија.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Луѓе, дајте некој нека го приберит човеков, ова веќе е крајно забегано. Знам дека политичкиот говор во земјава е со стандарди напишани на парче пифтија, ама ова е веќе сериозна патологија… Не само што не ни разговарат за евентуална нечија одговорност, не само што наместо да работит на подобар стандард и услови – стават табли на појќе јазици (пошо глупи се љуѓето и табли им требаја да се снајдет на клинички центар, то е најважното) туку и последно, вчера, како одбрана за нападите кон ресорот објави упатство за тоа КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕШ ЛАЖНИ ВЕСТИ…
Не се заебавам. Во 8 точки е, ќе ви го презентирам и то, ама ова од пред малку е врвот на лудилото: министерот кој наместо да водит здравство се занимават со лажни вести и со играорци на стадиони, пред малку НА ФБ СТАТУС, како да е реакција за цена на лимони или јајца, ги коментират починатите бебиња и ги рамнит со врвот на лажните вести кој ни пациенти на специјалните клиники за ментално здравје не го веруваат. Едначит починати бебиња со најголемата лажна вест која ја измисли СДС (а не беа малку). Сега според Таравари 500.000 луѓе избегале од Македонија во време на ВМРО (во време на кампања беа 626.312, а откако Таравари стана министер сите доаѓаат за да си умрат дома од кивавица).
И тоа оваа најлажна вест ја пласират министер за здравство кој наместо да работит во ресор као ве учит да процените шо е лажна вест, а шо е факт. Со најлажна вест „оправдуват“ смртни случаи кај новороденчиња. Како стрина некоја, се расправат по фејсбук, ееееј…..
Искрено, бев гласен меѓу оние кои го поздравија неговото назначување за министер како човек за кој комшиите не кажале лош збор и има богато животно и работно искуство. Но, Арбен Таравари успеа за 3 месеци да докаже и предокаже и пак да докаже и седум пати да докаже за никој да нема сомнеж дека – од секое свирче не се прави стапче.
Трагедиите од луѓе, оние ходајучи зомбија кои во друго време ќе се самозапалуваа на плоштад поради ваков однос – не ги коментирам. Тие се впрочем оние кои и ве убедуваа дека сте имбецили кои ќе веруваат во приказни за 626312 иселени во време на ВМРО (информативно, според статистики од Европа, 200.000 луѓе го напуштиле ЦЕЛ Балкан во последни 10 години). И ваквите зомбија се истите кои ќе ве убедуваат дека јас сум фашист, а они се антифашисти и слободари. И дека се невладини. И дека Таравари е цар пошо како им го зачука на фејс на она вмровците…
Трагедија, еј, трагедија. Театар на апсурдот.
Батиња, нема друг избор.
Че си падните. – вели Богдан Илиевски во својот текст објавен на Фејсбук.

[/kopa_block_quote]

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This