April 19, 2024, 10:52 pm

ЛУЃЕ УМИРААТ, ЛЕКОВИ НЕМА: Пациенти умираат од погрешна дијагноза за слепо црево, нема лекови за пациенти со рак и пулмонална хипертензија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо да си ја работи работата за која беше избран, Таравари почна да се занимава со играорните точки на отварањето на Суперкупот и недостатокот на албански ора, што според него бил „голем инцидент на УЕФА“

 

Додека Таравари се занимава со играорците, колку и тоа апсурдно да звучи, луѓето ги губат животите во болниците и тоа поради лесни заболувања кои досега беа третирани без никаков проблем.

Денес, почина пациент на кој му била дадена погрешна дијагноза дека се работи за стомачен вирус, а само неколку часа подоцна истиот починал од слепо црево. Освен ова, поради хаосот направен во здравството, пациентите кои досега ги добиваа скапите и специјализирани лекови бесплатно, се лишени од оваа услуга.

Имено, сеуште нема лек за хемотерапија за болните од рак.

Дека од министерството за здравство лажат во објавата на Твитер, зборува и фактот дека и покрај тоа што веќе помина цела седмица, лекот е сеуште недостапен. Дополнително, во амбулантите и клиниките има недостаток од основни средства за работа, и најобични лекови.

Од здружението „Момент плус“, кои се грижат за лицата со пулмонална хипертензија се пожалија дека Министерството за здравство ја прекинало доствата на лекот за оваа ретка болест од која во Македонија боледуваат 10-тина лица.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]
Здружение на лица со пулмонална хипертензија „Момент плус” Гевгелија се грижи за лицата со пулмонална хипертензија. ПХ е ретка болест и од истата во Македонија има регистрирани 10 лица. Немање на лек за истите значи сигурен летален исход. Во основа страдаат белите дробови и срцето.
Овие лица веќе 40 дена немаат основен лек за третман и се принудени истиот да го купуваат од сопствен буџет. Поради невидливиот инвалидитет се работонеспособни.
Од Клиника за кардиологија одговорниот доктор Србиновска до минатата недела ги известуваа пациентите дека нема лек. Во консултации со одговорното лице при министерството за здравство не упатија дека има тендерска постапка, а дел од количини кои ги има ке бидат распределени следната среда кога докторот од кардиологија ке се врати од одмор бидејќи нема кој да ги преброи количините на лек и истите да ги распредели на пациентите, а друго лице нема за да ја заврши постапката.
Во овие услови пациентите се принудени да чекаат два месеци за административни токови и им се прави прекин во третманот. Крајниот епилог е лек има но не се знае колкава количина и  но не е достапен за пациентите. Здружението апелира дека е недозволиво вакво затајување во третманот особено во овој период кога надворешните температури се и до 40степен. – велат од здружението „Момент плус“.
[/kopa_block_quote]

И додека Таравари учи да игра оро, скандалзирајќи играорци, Љупче Николовски се шета во Шпанија додека Македонија гори, Оливер Спасовски пука во малолетници, а Јани Макрадули не превзема ништо за спречување на загадувањето во Тетово и Струга, комуњарскиот режим на СДС веќе ги донесе и првите жртви.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This